На Велики петок Дунав исфрли куфер полн со човечки коски

Во куфер што на Велики петок го исфрли реката Дунав имало човечки коски и предмети од кинеско производство, па можно е да му припаѓаат на некој државјанин на Кина, пишува српски “Ало”.Луѓето кои го пронајдоа морничавиот куфер велат дека меѓу коските недостасува главата, а повеќе детали за овој случај ќе се знаат дури по завршувањето на вештачењето.
-Со истрагата најпрво ќе биде утврдено дали навистина станува збор за човечки коски. Ако е така, ќе се работи на утврдување на идентитетот на лицето, кога починало и дали станува збор за убиство или природна смрт, вели извор близок до истрагата на весникот.
Куферот го пронашол Жарко Ристиќ, чувар на насипот во Крњача, на Велики петок, на 29 април. Торбата била пронајдена на брегот на Дунав, километар и пол од Панчевачки мост. Во торбата имало испомешани коски, кои најверојатно се човечки. Освен нив имало црна крпа, метален рачен часовник, метално кутивче и шишенца со кинески натписи.
Мистериозниот куфер е префрлен на Институтот за судска медицина во Белград, каде ќе бидат утврдени деталите и околностите, пишува српски Курир.
Засега полицијата претпоставува дека станува збор за останки од кинески државјанин. Сказалките на часовникот на покојникот покажувале 9.20 часот, а датумот покажувал 6 јули 2015 година.
Постои претпоставка и дека куферот бил фрлен во Дунав во некоја друга земја низ која поминува оваа река, но испливал во Србија.
Шен Хонг, советник во Здружението на Кинези во Србија за Курир.рс, вели дека полицијата досега не ги известила за ова морничаво откритие, но и дека се сомнева дека станува збор за нивни сонародник.
-Нашето здружение води сметка и евиденција за нашите државјани во Србија. Минатата година никој не ни пријави нечие исчезнување. Ако станува збор за Кинез, можеби е фрлен во Дунав во некоја друга земја, вели Хонг.
Луѓето кои го пронајдоа морничавиот куфер велат дека меѓу коските недостасува главата, а повеќе детали за овој случај ќе се знаат дури по завршувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: