Во вторникот на Волстрит цените на акциите пораснаа, надополнувајќи дел од загубите од понеделникот, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите.
Така индексот Dow Jones зајакна за 0,71 отсто, на 3.979 поени, додека индексот S&P 500 за зголеми за 1,04 проценти, на 1.511 поени, а индексот Nasdaq скокна за 1,29 отсто, на 3.171 индексни поени.
Откако во понеделникот го забележа најголемиот дневен пад во повеќе од два месеца, во вторникот индексот S&P 500 врати дел од таа загуба,а пораснаа цените на акциите во сите десет сектори од овој индекс. Според аналитичарите, тоа се должи на солидните деловни резултатите на компаниите на четвртиот квартал од минатата 2012 година..
Според податоците Thomson Reuters, досега повеќето од половината компанија од системот на индексот S&P 500 ги објавија деловните извештаи при што 69 отсто според заработките натфрлија очекувањата на аналитичарите, што е подобар просек отколку во изминатите четири квартали. Според приходите, очекувањата ги надминаа од 66 отсто од компаниите.
Притоа се проценува дека поради компаниите од системот на индексот S&P 500 пораснале за 4,5 отсто во однос на истиот период од претходната година, што е повеќе од очекуваниот раст на заработките за 1,9 отсто на почетокот од сезоната на објавување на извештаите за деловните резултати на компаниите, а помалку од 9,9 отсто, колку што се проценува во октомври 2012 година.
Меѓу најголемите губитници и во понеделникот беше акцијата „McGraw-Hill” со пад 10,7 отсто, откако веќе во понеделникот поевтини за речиси 14 проценти.
Американското министерство за правосудство во понеделникот покрена тужба против кредитната агенција Standard & Poor's, којашто е во сопственост на компанијата „McGraw-Hill”, со која бара отштета од пет милијарди долари поради неправилности при одредување на рејтинзите на второкласните и другите хипотекарни обврзници.
Вредноста на овие хартии од вредност нагло падна во 2007 година, што беше едена од главните причини за длабоката финансиска криза. Американските власти тврдат дека Standard & Poor's рејтинзите ги поставил превисоко и ги потценил ризиците за да ги привлече инвестициските банки на вложувања во тие хартии од вредност.
Макфакс
Во вторникот на Волстрит цените на акциите пораснаа, надопол