На Заев му треба помош, СЈО се мобилизира

Зоран Заев беше убеден дека со помош на невладините организации под контрола на Сорос и со помош на чадорот ќе победи на изборите. Веројатно во тоа беа убедени и неговите сателити. Катица Јанева се активира дури откако се увери дека народот не верува во шарените лаги на Заев, а есапот не е ист дома и на пазар. СДСМ загуби на изборите, но Заев доби аболиција од Катица Јанева, која се откажа од случајот „Пуч“, пишува Република.Сценариото не се реализира и сега расте паниката кај режисерите. Сосема е очекувано да почнат да работат амбасадорските линии и црвениот телефон на „Бихаќка“ со нови нарачки кои треба да се одработат од Специјалното јавно обвинителство.
Според информациите на Република, наредната недела треба да биде одбележана со спектакли на СЈО. Намерата повторно е да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ, а да им се фрли коска на медиумите под контрола на СДСМ/Сорос со што би се намалил притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото. 
-Сознанијата до кои дојдовме велат дека во Специјалното јавно обвинителство се повикуваат функционери, но и 1000 до 1500 членови. Главна цел на СЈО ќе биде конструирање на предметите поврзани со изборите 2014 година, како и фабрикување на нов кој би се однесувал на финансирањето на партијата. Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои досега биле повикани, потврдуваат дека обвинителите и истражителите од СЈО се служеле со истите методи и техники. Лажно ги обвинувале дека знаеле дека тие не донирале за сопствената партија, блефирале дека наводно имале снимки од банките со кои се потврдувало дека тие не ги уплатиле парите обидувајќи се да ги заплашат дека криминал било и ако некому му дале пари да уплати како донација за партијата. Следувале и стандардните закани дека ќе одат во притвор ако не кажеле кој им ги дал парите, пишува Република.
Дел од граѓаните кои биле повикани во СЈО, сведочат за начинот на кој биле третирани.

–Бев повикана во СЈО на разговор и таму ме распрашуваа дали сум член на ВМРО-ДПМНЕ и дали сум донирала средства во партијата. Јас им кажав дека сум член на ВМРО-ДПМНЕ од пред повеќе од 15 години и дека сум донирала средства во партијата и дека тоа ќе го правам и во иднина. Сметам дека ваквите активности на СЈО се со цел да внесат страв, закана и заплашување кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на кампањата, односно тоа е една своевидна кампања на СЈО. Ваквите закани и заплашувања не се во функција на правда, туку повеќе се во политичка функција, тврди Дужа Матевска.
–На 31.10 бев повикан во СЈО на разговор. Таму бев запрашан дали сум член на партијата ВМРО-ДПМНЕ и дали сум давал донации за истата. Нормално, јас одговорив дека сум член на партијата веќе 26 години и дека сум еден од основачите на партијата во Охрид. Имам давано донации и ќе давам во рамките на моите можности, вели Стефан Трпеноски од Охрид.
–Се повикуваат голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа тоа ќе наиде на контраефект, затоа што јас како функционер и долгогодишен член на партијата, кај мене желбата е се поголема и поцврста за работа и ќе донирам повеќе средства во самата партија. Исто така и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ со ова ќе се обединат и ефектот ќе биде една голема победна за ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември, изјавува Ангел Бојаџиев од Штип.
За разлика од транспарентното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, барем засега останува енигма за јавноста како членовите на СДСМ синхронизирано во ист ден уплатуваат огромни суми на пари на сметка на партијата. Што е уште поинтересно, огромни суми пари уплатуваат и лица кои до скоро беа невработени.
Така Ивана Туфегџиќ, која се истакна во насилните протести, а која е невработена, на 26 ноември донира 59.000 денари, а три дена подоцна на 29. донира уште 42.900 денари на сметката на СДСМ.
Нејзиниот партнер во насилствата на платеничката револуција Павле Богоевски на сметка на СДСМ на 23 ноември донира 40.000 денари, а пет дена подоцна на 28 ноември донира уште 59.000 денари.
Стефан Богоев во три дена донира околу 3000 евра, односно на 21, 22 и 23 ноември по 59.000 денари.
Мухамед Зекири, кој беше вработен во СДСМ со плата од 30.000 денари за да не остане без пари на улица, на 22 ноември донирал 30.000 денари, на 23-ти 50.000 и на 25-ти уште 50.000 денари. Значи во пет дена донирал 130.000 денари или 4 свои плати.

Кога ќе се видат сите овие детали во извештајот на СДСМ испратен до државниот завод за ревизија и постапките на Катица Јанева, воопшто не зачудува што експертите се се погласни дека СЈО делува како партиски орган кому му се поважни нарачаните медиумски спектакли отколку правото и правдата.
Професорот Владо Поповски во гостување на Клик плус на ТВ 21 истакнува дека СЈО држи драматични прес-конференции и дава политички изјави што не прилегаат на еден јавен обвинител.

Според него, обвинувањата за пристрасност и непрофесионалност на СЈО се оправдани.
–Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно има соопштено дека не е подготвена да даде поддршка на СЈО во смисла на продолжување на мандатот и усвојување на барањата. Меѓутоа причини кои што беа изнесени при соопштението дека нема да има поддршка од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е сомнението во професионалноста и во непристрасноста на СЈО илустрирано со невообичаениот начин на дејствувањето од почетокот до пред некое време, во кое што најкарактеристични беа оние конференции за печат во кои што сеизнесуваат на мошне драматичен начин интересен за гледање податоци од пред истражна постапка која што по дефиниција е тајна, потенцира Поповски.
Тој додава дека во еден период во кој што секогаш беше предизборен СЈО имаше функција на драматизирање на јавната свест и на расположението, при што се изнесоа сомненијата за параполитичка функција на СЈО, за што и само обвинителство има дадено за основа.
– На пример еден протест на специјалната јавна обвинителка на судот кога беше одложено некое рочиште сега не се сеќавам точно за кој предмет, меѓутоа се сеќавам на изјавата директно на судот, дека покажувате вие дека не сте подготвени да се расчистат неправилностите во Република Македонија што е типично политичка изјава, која прилега на лидер на политичка партија или политичари, пратеници, функционери, припадници на политички партии, но не и за обвинител, истакна професорот Поповски.
Едно е јасно, со аболицијата на Заев и Верушевски во случајот „Пуч“, Катица Јанева го заложи целиот професионален кредибилитет и интегритет кај Зоран Заев. Затоа наредниов период не треба да се исклучи дека целосно ќе ги отвори картите и ќе започне со политички притисок и форсирање на сите случаи измислени на „Бихаќка“, кои треба да му дадат ветер во грб на Заев, колку и да се правно неосновани.
Сценариото не се реализира и сега расте паниката кај режисерите. Сосема е очекувано да почнат да работат амбасадорските линии и црвениот телефон на

Пронајдете не на следниве мрежи: