НА ЗБОРОВИ РЕФОРМСКА, ВО ДЕЛАТА РАДИКАЛНА ВЛАДА

Во очекување на новиот политички циркус што ќе ни се случува во Собранието на РМ денес и утре каде неуставниот и нелегалниот „претседател“ на Собранието, пратеникот Џафери, закажа седница со една точка на дневен ред, избор на нова влада, добро е да се потсетиме на Уставот на РМ и на Деловникот на Собранието на РМ кои во континуитет дрско се кршат од страна на СДС и албанските партии.Во Уставот и во Деловникот е загарантирана парламентарната демократија, како и правата на пратениците и на јавноста детално да бидат информирани за тоа кои лица ќе ја сочинуваат идната влада и каква програма ќе понуди мандатарот за водење на државата во наредниот четиригодишен мандат.
Исто така, во Уставот и во Деловникот прецизно е утврдено дека македонскиот јазик е службен јазик во државата, и дека водењето на пленарните седници може да биде само на македонски, а не и на албански јазик како што Џафери сака да ни се обрати.
Од друга страна, со експресното закажување на собраниската седница, пратеникот Џафери во договор со мандатарот Заев повторно одлучија да го прекршат Уставот и Деловникот, односно уште еднаш да им го ускратат правото на пратениците да извршат детален увид во составот и програмата на владата. Само еден ден оставен за разгледување на поднесените материјали од страна на двоецот е врв на дрскост и безобразлук нанесен на Македонската парламентарна демократија што е еднаков на безобразлукот и криминалниот чин на „устоличување“ на пратеникот Џафери за „претседател“ на Собранието.
Политичкото насилство и политичката дрскост и натаму остануваат двата клучни збора што го дефинираат и определуваат карактерот на новата власт во земјата.
Џабе себе си сакаат да се претстават како реформска власт кога длабоко во себе и со постапките што ги чинат се радикали фокусирани кон кршење на човековите слободи и права, непочитување на вредностите на демократијата и непочитување на различните мислења и ставови.
Радикализмот што го демонстрираа во каубојскиот избор на „претседател“ на Собранието, СДС и албанските коалициони партнери со несмалено темпо го продолжуваат и во постапката за избор на влада. Наместо да го испочитуваат предвидениот рок од 15 дена во Деловникот кој е намерно оставен со цел пошироката јавност да може повеќе да се запознае со проектите и програмските решенија на идната влада, СДС и владините партнери повторно одлучија да бегаат од анализа и дискусија преку грубо кршење на основните начела на парламентарната демократија-транспарентност и одговорност за дадената понуда. Наместо да се охрабри да се соочи со сите прашања што јавноста сака да му ги постави и да даде одговори на истите, како на пример, зошто во владата се одлучил да вклучи озлогласени терористи, зошто во владата дозволи да седат лица против кои неговото СЈО има поведено истражни постапки и покрај тврдењето дека такви лица нема да бидат дел од владата, зошто сака да ја скрие програмата на владата од јавноста и брза побргу да се оди на нејзино гласање без да се соочи со незадоволството на јавноста од понудените кадровски решенија, Заев ја одбра експресната, зајачката лента за сопствено устоличување и фаќање на фотељата без да води сметка за ставовите на македонските граѓани. Брзо побрзо тој да си се фати до власта за да почне реализацијата на големото финале од странското сценарио-промена на името Република Македонија и целосно обезличување на Македонците и нивниот идентитет.
Тоа е главната мисија на оваа радикална влада.
„Реформите“ ќе служат како пропратен декор, основа за раскажување бајки со цел замајување на јавноста од клучниот процес што ќе се одвива наредните месеци зад параванот, зад сцената. Избраните министри ќе бидат задолжени да ни продаваат магла во политиката, а зад сцената главниот амбасадор и неговите европски послушници ќе му ја скројат капата на Македонецот.Во Уставот и во Деловникот е загарантирана парламентарната демократија, како и правата на пратениците и на јавноста детално да бидат информирани за

Пронајдете не на следниве мрежи: