Редовниот секс е добар за здравјето, но за жал, новото истражување покажува дека сексот им здосадува на жените четири пати побрзо отколку на мажите, под услов да се работи за врска во која парот живее заедно повеќе од една година.Истражувањето опфатило речиси пет илјади мажи и седум илјади жени, а она што е заедничко за двата пола е опаѓачкото либидо во текот на годините. Мажите губат желба за секс помеѓу 35-та и 44-та година, а кај жените оваа појава се јавува помеѓу 55-та и 64-та година.
Од мажите кои биле вклучени во истражувањето, 15 отсто изјавиле дека имаат намалена желба за секс во изминатите три месеци или подолго, а истото важи и за 34 отсто од жените.
Се поставува прашањето која е причината поради која доаѓа до намален интерес, а истражувањето има одговор и на тоа.
Кај жените, сексуалниот порив се намалува со присутноста на деца во домот, а уште еден проблем претставува и лошата комуникација со партнерот – доколку не им е доволно удобно да разговараат за проблемите во сексот, тие попрво во целост би го одбегнувале.
За мажите, губењето на интерес настапува доколку во минатото имале проблеми со изведбата, поради што со текот на времето почнуваат да избегнуваат секс со цел да се поштедат од непријатни ситуации.
Секако, тука се и другите фактори кои важат и за двата пола како што е појавата на полови болести и историја на лоши сексуални искуства, поради кои тие се чувствуваат непријатно.Истражувањето опфатило речиси пет илјади мажи и седум илјади жени, а она што е заедничко за двата пола е опаѓачкото либидо во текот на годините. Ма