На Жерновски не му се доволни изградените спомен-обележја: Во Центар НОВИ СПОМЕНИЦИ

Првиот човек на Општина Центар Андреј Жерновски тргнува по стапките на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот кој до вчера беше жесток критичар на изградбата на спомен-обележја, сега носи одлука за изградба на нови споменици во централното градско подрачје.Според програмата за одбележување на значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен-обележја, Општина Центар  без да ја информира јавноста конспиративно донела одлука за поставување на 6-те нови споменици.

-Општина Центар ќе подигне спомен-обележја за следниве личности, настани и малски традиции: Благоја Ангеловски -кројач, Киро Глигоров, Живко Поповски- архитект, Маџирмаалски играчи на „Фанта“ и Железничка колонија“, стои во точката два од Програмата.
Во истата исто така наведено е и дека Општината може да ја проширува оваа Програма и со спомен- обележја по иницијатива на правни и физички лица во согласност со Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

Покрај овие 5, дополнително Општина Центар планира да постави и споменик на тукушто починатиот скулптор, Томе Серафимовски. Ваквите постапки на Жерновски покажуваат дека тој тргнува по стапките на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти неговите изјави дека во централното градско подрачје нема да се поставуваат повеќе споменици, бидејќи истите го нагрдувале Центар.
Јавноста многу добро ја памети изјавата на Жерновски непосредо по локалните избори, во која категорично порача дека поставените споменици биле последното нагрдување на Центар и повеќе немало да се поставуваат споменици без да се прашаат граѓаните.
-Ова е последното нагрдување на општина Центар. Од утре ниту еден сантиметар од Општината нема да се моделира во нешто друго без да се прашаат граѓаните, изјави Жерновски.
Сепак, Жерновски сега сам си го погазува сопствениот збор и од жесток критичар на изградбата на спомен-обележја сега без да ја информира јавноста и без да ги праша граѓаните конспиративно носи одлука за поставување на 6 нови споменици во Центар. На градоначалникот на централната скопска општина очигледно не му се доволни поставените спомен-обележја.Според програмата за одбележување на значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен-обележја, Општина Центар  без да ја инф

Пронајдете не на следниве мрежи: