Несигурноста се врати на улиците низ Македонија. Граѓаните на Скопје, но и на другите градови се исплашени и тоа со право. Мафијата си доби своја држава со доаѓањето на власт на СДС, а со поставувањето на Оливер Спасовски за Министер си доби и свој заштитник во полицијата.Пет месеци откако СДС ја има целата власт, не само што не е реализирана ниту една акција против организираните криминални групи, туку полицијата свесно не постапува и ги крие сторителите, истакна Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
За овие 5 месеци видовме десетици вооружени грабежи на банки, десетици запалени или изрешетани автомобили, а практично немаше ноќен клуб во кој не се случи насилство. Вандали сквернавеа гробишта, пукаа по улици и убиваа по кафулиња. Полицијата неразреши ниту еден случај. Заев и Оливер Спасовски немо посматраа од страна и разрешуваа професионалци , поставувајќи неспособни партиски послушници кои треба да ја реализираат нивната агенда. За нив беше поважно да ги малтретираат земјоделците или социјалните случаи заканувајќи им се на изборите отколку да се обидат да го спречат криминалот. За нив беше поважно да изнајдат начин како да ослободат десетици тешки криминалци од затворите , а за сметка на тоа да се изживуваат со Едмонд Темелко или Сокол Митревски, рече Нацев и додаде:
„Цената на ваквото криминално владеење на СДСМ сега го плаќаат граѓаните. Вчера пред полно кафуле беше пукано во едно лице. Напаѓачите, нормално избегаа. Граѓаните се во страв дека нивните деца може да бидат следните жртви, додека Заев и Оливер Спасовски смислуваат како уште еднаш да го изманипулираат народот. Доколку Оливер Спасовски е толку неспособен да открие што се случува последниве месеци низ Скопје и Македонија еве да му помогнеме. Нека ги провери написите во медиумите изминативе месеци. Нека провери со кого од владата се блиски луѓето кои што со оружје крстарат низ Скопје, се закануваат и собираат рекет. Целиот град знае и целиот град зборува“.
Социјалните мрежи, подвлече, брујат дека сторителите се дел од криминалното подземје блиску до Социјалдемократскиот сојуз. МВР денес цел ден молчи и не кажува каде се сторителите.
-Веќе нема простор за изговори. Мора да бидат приведени и затворени вандалите што сквернавеа гробишта. Мора да бидат приведени и затворени бандитите што на партиските прослави пукаа од автоматско оружје. Мора да бидат приведени и затворени криминалците што палеа автомобили овие пет месеци. Мора да бидат приведени и затворени рекетарите што се закануваат од позиција на моќ и власт. Доколку тоа не биде направено, најмалку што може да стори неспособниот Министер за внатрешни работи е како чин на морална одговорност да си поднесе оставка од функцијата.
Пет месеци откако СДС ја има целата власт, не само што не е реализирана ниту една акција против организираните криминални групи, туку полицијата св