Каква е врската на Агенцијата за обезбедување „Омерта“ со бруталната ликвидација на младиот фудбалер Мартин Јанушев?Кои се ликовите што стојат зад Агенцијата „Омерта“ и кои се нивните односи со највисоките кругови на власта, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев и неговиот брат? Дали ликови поврзани со агенцијата, изминатиов период на подрачјето на Скопје реализираа низа насилни и вооружени инциденти? Кој ги палеше возилата на сопствениците на угостителски објекти, кафулиња и дискотеки? Зошто во МВР не е отворена оперативна обработка за сите овие поврзани дела и дали егзекуцијата на Мартин Јанушев е последица на охрабреноста на бандитите кои добија сила откако видоа дека полицијата под раководство на потпретседателот на СДС Оливер Спасовски не ги гони, туку им помага? Овие прашања денес ги поставува Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
– После само неколку месеци голем број локали низ градов добија налепници со логото на Агенцијата за обезбедување „Омерта“. Медиумите објавија дека „Омерта секјурити“ е регистрирана 20 дена откако СДС ја формира владата. Секому му е јасно, зошто е формирана агенцијата. Целата јавност знае што прават изминативе месеци. Целата јавност знае, само Заев и Спасовски, молчат. Омерта на италијански е завет за молчење. Израз кој го користела мафијата како гаранција дека никој нема да соработува со полицијата и органите на прогонот. Во Македонија со Заев на чело, мафијашите не мора да молчат. Тие си добија своја држава, а во полицијата си добија свој заштитник. Граѓаните ја плаќаат цената со нарушената безбедност, а сега и со животите на своите најблиски. 13 дена после бруталната ликвидација на младиот фудбалер Мартин Јанушев, убиецот е се уште на слобода. Убиецот 13 дена е на слобода, а МВР не презема ништо. Полициските специјалци се користат за приведување на малолетници што запалиле цигара или купиле пиво и за рации во локали каде што нема лого на „Омерта“, вели тој.
Нацев потенцира дека вистинските криминалци и убијци слободно се шетаат надвор од државата и постираат фотографии на Фејсбук и Инстаграм.
-МВР не кажува ниту кој е убиецот, ниту како изгледа, ниту со што возило заминал после убиството. Не кажува ништо што би можело да го разоткрие. Меѓународна потерница нема, веројатно за да не му се наруши комодитетот. На официјалната страница се објавуваат фотографии од лица по кои се трага за минорни дела, но за човекот што брутално го егзекутираше Јанушев нема ништо. Ваквото однесување на МВР е срамно и крајно непрофесионално. Секој што ќе се обиде да заштити или сокрие криминал ќе одговара. Прв кој мора да понесе одговорност е Оливер Спасовски. Спасовски мора да си даде оставка за да се деблокира истрагата и за да може професионалците во МВР да го гонат убиецот. Не смее никој да биде заштитен без разлика дали е близок со највисоките кругови во СДС. Не смее да бидат загубени уште човечки животи заради долговите кои СДС ги има кон криминалните структури, порачува Нацев.
Кои се ликовите што стојат зад Агенцијата „Омерта“ и кои се нивните односи со највисоките кругови на власта, вклучувајќи го и премиерот