Начин на исхрана според хороскопскиот знак

Loading...

Исхраната која им одговара на жестоките Овни, не им одговара на бавните Бикови. Близнаците и Водолиите често ги прескокнуваат оброците, додека пак Рибите, Раковите и Вагите сакаат да уживаат во јадењето.Овен
Метаболизмот ви е брз, секогаш сте во движење и не сакате да губите време на подготовка на храната. Ви одговара начин на исхрана кој брзо ќе покаже резултати. Важно е да јадете помалку, а почесто. Конзумирајте чорба од зеленчук, моркови, бадеми, ѓумбир.
Бик
Вам ви е потребна диета, бидејќи често претерувате со јадењето. Избегнувајте ги доцните оброци поради успорениот метаболизам. Пијте повеќе вода, а кога ќе одгладнете, земете овошје, свежо или суво, диетални млечни напитоци или кајгана.
Близнаци
Немате време, ниту пак трпение за готвење. Динамични сте и брзи, па не ве држи место. Тешко усвојувате здрави навики во исхраната, сакате да пробувате брзи диети, но брзо се откажувате дури и кога има резултати. Јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук.
Рак
Поради честите промени во расположението, вие сте склони кон осцилација во телесната тежина. Затоа, би требало да се потрудите да јадете повеќе риба, пилешко, свежо овошје и зеленчук.
Лав
Гурман сте, но сепак знаете кога морате да престанете. Наместо класични диети, ставете акцент на свежи и здрави намирници. Ви одговара пилешко, мисиркино месо, лосос, салати  и свежо цедени сокови.
Девица
Храната не ви одговара кога сте под стрес, нервозни или ненаспиени. Ви одговараат диети на база на органски намирници и вегетаријанска исхрана. Јадете почесто, помали оброци во кои преовладуваат житарици, бадеми и мешункасти плодови.
Вага
Во вашиот случај, успехот во диетата највеќе зависи од поддршката на партнерот, но и околината, особено ако поради работата сте присутни во јавноста. На вашето мени, треба да се најде повеќе риба и свеж зеленчук.
Шкорпија
Вие можете да поднесете долгорочни диети, а метаболизмот ќе го забрзате со конзумирање билни чаеви со многу течности меѓу оброците. Во исхраната користете повеќе лук, а избегнувајте црвено месо, чоколада, сол и алкохол.
Стрелец
Вишокот килограми најчесто е последица на обилните порции, но вие се движите многу и често. Јадете намирници кои се богати со калциум, житарици и млечни производи, а најдобро би било вашата диета да биде осмислена од страна на нутриционист, во склад со вашата градба и начин на живот.
Јарец
Не сте љубители на диети, но во состојба сте целосно да го промените начинот на исхрана ако сметате дека тоа ќе ви го подобри здравјето. Метаболизмот ви е бавен и затоа важно е да појадувате и да јадете редовно, пред се немасно месо и риба, зеленчук и намирници богати со калциум.
Водолија
Промената во исхраната полесно ја поднесувате ако ви се придружи некој пријател, член на семејството или колега. Бидејќи сте склони кон осцилации во тежината, би требало да јадете варен зеленчук, житарици, кисело млеко и јогурт.
Риби
Не ги поднесувате диетите, или се прејадувате или се изгладнувате, а апетитот често ви расте со емоционалните проблеми. Потрудете се да пиете доста вода и да јадете свежи салати, риби и овошје.Овен
Метаболизмот ви е брз, секогаш сте во движење и не сакате да губите време на подготовка на храната. Ви одговара начин на исхрана кој б

loading...
Loading...