Колку често во тек на невреме сте се запрашале што треба да се направи за да се заштитите од удар на гром? Постојат многу совети од кои поголемиот дел сте ги слушнале веројатно и до вашите пријатели и такви кои ви делуваат нелогично, но сепак делуваат.Кога сте сведок на силно невреме веројатно често се одлучувате преку прозорецот да гледате како изгледа небото или да видите колку вода има на вашата улица, но стоењето покрај прозор за време на грмежи не е препорачливо, како и до метални столбови и штекери. Веројатно сте слушнале дека кога има невреме не треба да ви биде вклучен компјутерот, телевизорот и поголем дел од белата техника и тоа е точно, а посебно опасно е туширањето со вклучен бојлер. Кога има невреме заборавете на вашиот мобилен телефон, избегнувајте го и користењето на фиксниот и не допирајте матлни предмети.
Вообичаен е потребно половина час за невремето да ве одмине, а откако ќе ја забележите првата молња избројте до 30 и засолнете се пред да го слушнете звукот од ударот.
Доколку невреме ве фати додека сте на отворено никогаш немојте засолниште да барате под дрво или метална конструкција, но немојте ниту да легнувате на земја. Најдобро би било да сет што подалеку од извор на вода, а би требало да бидете и што пониско па поради тоа се препорачува да клекнете и да ги опфатите вашите колена со раце наведнувајки се нанапред со што би имале и најмал допри до земја.
Заштита од гром во затворен простор
1. Исклучете ја белата техника!
2. Не туширајте се, не допирајте вода!
3. Тргнете се од прозорците!
Заштита од гром на отворено
1. Не засолнувајте се под дрво!
2. Подалеку од каков било извор на вода!
3. Клекнете и опфатете ги колената со двете!
Постојат и многу заблуди во однос на постаки кој треба или не треба да ги правите кога има невреме. Бидете сигурни дека не е опасно да допрете лице кое било погодено од молња. Не верувајте кога ќе ви кажат дека гром не удира два пати на исто место, затоа што тоа често се случува, исто како што не секогаш е точно дека громот удира во највисокиот објект.Кога сте сведок на силно невреме веројатно често се одлучувате преку прозорецот да гледате како изгледа небото или да видите колку вода има на ваша