Националната арена „Филип Втори“ ќе биде домаќин на ЕП во фудбал во 2020?

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) до УЕФА испрати кандидатура Националната арена „Филип Втори“ во Скопје да биде еден од домаќините на ЕП кое во 2020 година треба да се одржи во 13 градови низ Европа. Стадионот „Филип Втори“ има капацитет од 33.000 гледачи и е кандидат за еден од двата градови со стадиони од минимум 30.000 гледачи, како што предвидуваат условите на организаторот УЕФА.
Само два градови домаќини може да имаат стадиони со капацитет од минимум 30.000 гледачи, каде ќе се организираат мечеви од првата групна фаза. Со ова УЕФА им дава шанса и на помалите федерации-членки да учествуваат во кандидатурата за домаќини на Евро 2020. Останатите кандидати мора да имаат стадиони од над 50.000. 
„Интересот меѓу земјите е голем како и лобирањето. Ова секако претставува уникатна можност и помали федерации како нашата да бидат дел од едно европско првенство во фудбал, прилика што ретко се укажува. Би биле среќни доколку Скопје биде избрано! Тоа дополнително би придонело до популаризација на фудбалот во Македонија, до мотив повеќе за младите уште повеќе да го сакаат фудбалот, а за гледачите ретка можност да гледаат врвна фудбалска претстава“, изјави Илчо Ѓорѓиоски, председател на Фудбалската федерација на Македонија.
 
Целосната листа на кандидатите, кои неофицијално ги има 24, ќе се знае на 20 септември.
Тие конкурираат за 13 градови домаќини на Евро 2020. Според она што е засега неофицијално познато кандидати со стадиони од над 30.000 гледачи се оној во Минск, кој треба да се надгради и да има 33.000 гледачи, стадионот во Базел (38.000), стадионот „Васил Левски“ во Софија (43.000), Естади Kорнела – Ел Плат во Барселона (40.500) и стадионот Паркен во Kопенхаген (38.000). Еден од условите е и градот домаќин да има најмалку еден аеродром со два терминала, или уште подобро два аеродрома. Постојат и многу други услови кои ги бара УЕФА од кандидатите, а се однесуваат на патната инфраструктура, опременоста на стадионите и друго.
Целосната официјална листа на конкурентите на Скопје ќе се знае на 25 септември, велат во Фудбалската федерација на Македонија, а официјално кои градови ќе бидат домаќини на ЕП 2020 година  ќе биде познато дури наредната година.Стадионот „Филип Втори“ има капацитет од 33.000 гледачи и е кандидат за еден од двата градови со стадиони од минимум 30.

Пронајдете не на следниве мрежи: