Од вчера па до 30 септември лицата со инвалидност во центрите за социјални работи ќе може да аплицираат за новиот владин проект преку кој ќе добијат поддршка за набавка на автомобили.На лицата со најмалку 80 проценти инвалидност на долните екстремитети, потполно слепите лица и глуви лица и лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост ќе им бидат рефундираат средства до 180.000 денари платени за царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил.
Овој проект, кој ќе овозможи полесна мобилност на лицата со инвалидност и вклученост во заедницата, денеска го поздрави Васко Марков, претседател на националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија.
-Ние се залагаме за правата на лицата со инвалидност и одамна се залагавме за овие права да ги добиеме за увоз на возила, затоа што сите знаете дека лицата со инвалидност многу тешко може да дојдат до возило. Сакам првенствено да кажам дека доста семејства имаат потреба од ова, од увоз на возила, на пример некој од семејството има потреба, болен е, или треба да појде некаде моментално, значи ќе има возило кај него, или пак итно треба да се пренесе некаде, дали е тоа на лекар, во училиште или било каде, значи во семејството ќе има едно такво возило кое многу ќе им користи на глувите лица, истакна Марков.
Претседателот на националниот сојуз на глуви и наглуви изрази огромна благодарност до Владата и до ресорниот министер Диме Спасов.
-Многу сум благодарен што сепак дојде до ослободување на овие возила за овие лица, конкретно за глувите лица и тоа многу ме радува. Од порано имаше ваков закон, меѓутоа не знам од кои причини згасна овој закон, дали се укина не знам, меѓутоа притисок правевеме сите инвалидни организации да се обнови тој закон и еве сега се повтори, се обнови тој закон и е прифатен. Повторно ќе кажам дека многу ме радува ова. Тоа го објавив и на Фејсбук до сите наши членови да го видат тоа, бидејќи има доста заинтересирани лица, некаде над 100 лица кои се заинтересирани за увоз на возила, бидејќи навистина глувите лица имаат потреба од тоа, додаде Марков и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжат владините проекти за глувите лица.
Инаку, секое лице кое припаѓа на некои од наведените категории или пак родител или старател може да поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа кое ќе биде разгледано од комисијата за рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил.
За рефундирање на средства за набавка на автомобил лицата со инвалидност ќе треба да ги поднесат следните документи:
-Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдено телесно оштетување од најмалку 80% на долните екстремитети, за утврдена умерена, тешка и длабока ментална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост.
-Примерок или заварена копија од царинска декларација не постари од 12 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган.
-Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил и друга пропратна документација.
По завршувањето на огласот посебна Комисија ќе изврши увид во домот на барателот, а откако ќе заврши рокот за доставување на барање Комисијата за рефундирање на средтвата за набавка на патнички автомобили ќе одлучува во однос на поднесените барања и извршениот увид во домот на лицата.
На вчерашната прес-конференција министерот Диме Спасов посочи дека ќе бидат рефундирани средства за 50 автомобили, а приоритет ќе имаат лицата со инвалидност кои што имаат пониски приходи, оние кои активно бараат работа или пак во семејството имаат повеќе лица со инвалидност.
-Со овој проект се реализира уште едно ветување за лицата со инвалидност, се реализира уште едно барање на националните сојузи на лицата со инвалидност, и со него ќе продолжиме да го подобруваме животот на лицата кои имаат најголема потреба од поддршка, рече министерот за труд и социјална политика.
Тој ги повика сите заинтересирани да ја искористат оваа можност, со која, како што рече, ќе им овозможи заштета на финансиски средства.
Дополнителни информации за огласот, заинтересираните можат да добијат во МТСП, на веб-страната на Министерството и во сите центри за социјална работа.
За реализација на овој проект Министерството за труд и социјална политика од буџетот изводи 9.000.000 денари.На лицата со најмалку 80 проценти инвалидност на долните екстремитети, потполно слепите лица и глуви лица и лицата со умерена, тешка и длабока инте