Преку владиниот проект „Македонија вработува 2“ до полесно вработување ќе можат да дојдат и најранливата категорија на граѓани, лицата со инвалидност. Од Националниот сојуз на слепи на Р. Македонија го поздравија овој проект и изразија надеж дека овој проект ќе им овозможи самостоен живот и егзистенција на стотици слепи лица од целата територија на Р. Македонија.Според овој проект работодавачот кој ќе вработи слепи и слабовиди лица ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од 5 години, односно 60 месеци. Потребно е лицата со инвалидност три месеци пред вработување со мерката да немале заснован работен однос.
Претседателот на Националниот сојуз на слепи на Р. Македонија, Жарко Селковски денеска изрази благодарност до Владата и надлежните институции за воведувањето на проектот „ Македонија вработува 2“ во кој се опфатени токму слепите и слабовиди лица.
-Овој проект конечно ќе им го исполни долгоочекуваниот сон за обезбедување на самостоен живот на стотици слепи лица кои досега иако работоспособни работадавачите не ги вработуваа. Се создаваат услови за отворање на нови работни места, посебно за слепоте и слабовидите лица , а со самото тоа и можност за прво вработување на некои наши членови кои поради своето слепило потешко доаѓаа до работни места, рече Селковски.
Тој ги повика работодавачите да ги тргнат своите предрасуди и да ги отворат вратите за слепите лица кои одговорно и со голема почит ќе ги извршуваат своите работни задачи.
-Самото ослободување од плаќање на придонеси и персонален данок во значителна мера ќе им олесни на работодавачите, а со самото тоа ќе допринесе за работно место повеќе за слепите лица. Владата на Р. Македонија, МТСП и АВРМ значително ги поттикнуваат вработувањата на нашите членови со тоа што овозможуват да се намали невработеноста кај нашите членови со значајните привилегии за работодавачите како и користење на бенефициите од постоечките закони. Со законот за вработување на инвалидни лица се овозможува на наши членови кои што за прв пат се вработуваат да си најадат полесно работа и да си обезбедат самостоен живот и егзистенција на своето семејство, истакна Селковски.
Тој посочи дека и пред две години имало владин проект за вработување на 300 инвалидизирани лица преку кој се вработиле 46 слепи лица. Тие учествувале и на јавниот оглас за самовработување каде што повеќе слепи лица аплицирале и ги поминале обуките.
Националниот сојуз на слепи на Р. Македонија има 18 здруженија низ цела Македонија и брои 2550 членови.Според овој проект работодавачот кој ќе вработи слепи и слабовиди лица ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од 5 години,