Националниот сојуз на слепите на република Македонија се соочува со притисоци од страна на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски.Без консултација од страна на дополнителниот заменик министер во ова министерство, Диме Спасов, како и без почитување на законските процедури пропишани со Законот за Влада чл. 45, 46 и 47, Ременски формирала Комисија за спроведување надзор над законитоста на работењето на НССРМ.
Во Комисијата има нестручни лица кои не се од областа на економијата, туку се социјални работници, па оттука не чуди стручноста на еден социјален работник во областа на финансовото работење и сметководството. Согласно решение на техничката министерка назначени се Јована Тренчевска шеф на кабинет, Слободанка Лазова Здравковска кабинетски службеник, Валдета Вукељ, советник и Зоран Вучев како раководител на одделение, но очигледно и потписот на техничката министерка не значи ништо па во контрола доаѓаат Слободанка Лазова Здравковска, Зоран Вучев и и двајца службеници за кои немаме добиено овластување Јасмина Јовановска и Мирјана Алексовска, но повторно напоменуваме дека овластувањата се противправни и непроизведуваат правно дејство бидејќи немаат потпис од дополнителниот заменик министер.
-Вчера се јавија на наш вработен и закажаа за во 10 часот денеска да дојдат и учтливо ние им укажавме дека поради активности кои што ги имаме нема да бидеме во канцеларијата, бидејќи денеска имавме прес конференција за промовирање на водичот за Спомен домот на мајка Тереза. Најверојатно мислеа дека ние не сакаме па дошле во 10 часот. По завршување на прес конференцијата, околу 13 часот, истата комисија ни упадна во канцеларијата и ни побара документација, вели претседателот на НССРМ, Селковски Жарко, кој подвлекува дека прашал дали на документот е потпишан и дополнителниот заменик министер Спасв а тие договориле дека не е.
Додава и дека еднаш веќе од страна на техничката министерка се соочиле со огромен притисок и контрола во месец мај оваа година, но сега повторно пред избори техничката министерка формира противзаконски комисија за да изврши притисок и заплашуавње на членството, а се со цел подобар резултат за СДСМ на изборите, се вели во соопштението од НССРМ.
Оттаму тврдат дека Комисијата противзаконски веќе еднаш пред 10 дена дошла во просториите на НССРМ каде им биле дадени сите барани документи.
Истата Комисија со директен притисок, ненајавени, не земајќи ги предвид огромните активности на НССРМ и сензуалноста за која категорија на граѓани се организираат активности ненајавена дојде во посета на Сојузот со цел да изврши притисок врз неговите претставници, велат од Сојузот.
-Се врши притисок над НССРМ не знаеме од кои причини затоа што истата министерка во месец мај ни испрати таква контрола каде што три недели им ги дадовме документите без никаков проблем, вели Селковски.
Ременски втор пат годинава, формирала комисија за надзор над законитоста на финансовото работење на НССРМ, за 2015 и 2016 година, втор пат оваа година, и оти таа бара и други програмски, архивски документи, како и документи кои се лични досиеја на членовите на НССРМ за што, како што посочуваат, согласно Законот за заштита на лични податоци не смеат да ги дадат.
Оттаму потенцираат дека НССРМ е непартиска организација и дека секакво мешање во внатрешните односи на Сојузот го сметаат како најгруб упад во работењето на НССРМ и директен притисок и атак врз членството на НССРМ со цел агитирање за гласање пред избори во корист на СДСМ.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија преку своите 17 општински и меѓуопштински здруженија на слепи лица во кои членуваат повеќе од 2550 слепи и слабовидни лица од целата територија на државата претставува единствен легитимен претставник на оваа категорија на граѓани.Без консултација од страна на дополнителниот заменик министер во ова министерство, Диме Спасов, како и без почитување на законските процедури пропи