Над 1000 мигранти насилно влегоа во Костарика од Панама

Над 1000 мигранти, повеќето Кубанци, влегоа со сила во Костарика од Панама, пренесе Франс прес, повикувајќи се на извори од властите.Целта на мигрантите била да стигнат до САД, но тие биле блокирани во Панама.
Костариканската телевизија емитуваше снимки од судири меѓу мигрантите и полицајците во пограничниот град Пасо Каноас. Прозорците на неколку возила и згради биле искршени.
Вкупно помеѓу 1000 и 1200 мигранти, повеќето Кубанци, но и малку Африканци и Азијци, успеаја да влезат во Костарика. До крајот на денот, поголемиот дел од нив беа вратени во Панама, а 120 остануваат во Костарика.
Костариканските власти остро ја критикуваа миграциската политика на САД како причина за овие случаи. Во моментов, Кубанците кои додоаѓаат до САД по копно, добиваат дозвола да влезат по проверката на документите за идентификација, забележува АФП.
Тогаш, тие имаат рок од една година за да аплицираат за азил. За сметка на тоа, Кубанците фатени од американските власти во морето, се враќаат назад во нивната татковина.
Оваа политика е „перверзна промоција на миграцијата и ги фаворизира условите за трговија со луѓе“ – изјави на прес-конференција костариканскиот министер за надворешни работи Мануел Гонзалес.
Помеѓу ноември и март, Костарика прифатила околу 8000 кубански мигранти откако нејзиниот северен сосед Никарагва ја затвори границата за нив.
Бројот на Кубанците коишто се обидуваат да стигнат до САД, се зголеми во последно време со оглед на стравувањата дека обновувањето на односите меѓу Вашингтон и Хавана ќе ги лиши од можноста да добијат азил во САД.Целта на мигрантите била да стигнат до САД, но тие биле блокирани во Панама.
Костариканската телевизија емитуваше снимки од судири меѓу миг

Пронајдете не на следниве мрежи: