Над 275 илјади Македонци ја посетиле Грција од почетокот на годината

Над 275 илјади граѓани на Македонија ја посетиле Грција од почетокот на годинава до крајот на септември.Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани.

Македонците начесто патувале во Грција поради туризам, бизнис и шопинг.

Од земјите во регионот, најмногу посети имало од Бугарија од каде во Грција дошле 858 илјади граѓани, што е зголемување за 27,5 проценти.
До крајот на септември, Грција ја посетиле и 142.000 граѓани на Турција, за 19,5 проценти повеќе од лани.
Намалување од 10,2 проценти е регистрирано кај граѓаните на Албанија.Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани.

Пронајдете не на следниве мрежи: