Над 30 и сингл – што сега?

Ако имате на над 30 години и сте слободни, што побрзо започнете да го барате вистинскиот маж (по можност да е сексипилен) заљубете се, потрудете се и тој да се заљуби во вас, вселете се заедно, венчајте се, имајте деца и живејте среќно до крајот на животот.
Реално е дека многу жени си зацртуваат дека ќе се смират во раните триесетти години, дваесеттите години се посветуваат на кариерата, патувања, дружење и забава. Од друга страна тука се и оние жени кои и покрај излегувањата сеуште не го пронашле оној вистинскиот.
Од моментот кога вашите години ќе ја прејдат бројката 30, сета распуштеност нагло престанува. Мајката природа одеднаш почнува да ви ги окупира мислите, а вашиот биолошки часовник секој ден се побрзо и погласно чука, додека месеците и годините минуваат без знак дека во вашиот живот ќе се појави вистинскиот.
Жално е тоа што друштвото гледа различно на мажите и жените во нивните триесет години. Жените со 30 и над 30 години се сметаат за застарена роба, додека мажите се тешат со тоа што можат да уживаат во слободата која ја имаат. Иако тв-сериите какоСексот и градот и Очајни домаќинки помогнаа да се промени мислењето на жените постари од 30 години, факт е дека доколку жената сака да затрудни по природен пат потребен и е партнер.
Така без маж, жената се чувствува под притисок, додатно и од околината која се обидува да и помогне со тоа што ќе и среди состанок и ќе и го пронајде идниот маж. Нејзините родители се прашуваат зошто не може да пронајде добар човек, а некои зад грб велат дека таа најверојатно е лезбејка.
Проблемот со кој сега секоја светска жена се среќава е тоа што таа знае какви особини бара кај партнерот, а нејзините стандарди се високо поставени така што мажите со кои таа излегува не добиваат пролазна оценка.
Ако се препознавате во ова, треба да знаете дека не се сите совршени и дека понекогаш треба да направиме компромис. Понекогаш можат да ве одбијат работи кои не се важни. Кога ќе почнете да излегувате со некој немојте во раниот стадиум да спомнувате деца и брак, мажите се свесни дека жените во своите триесет години бараат потенцијален татко на своите деца, па ако испаднете очајни, многу мажи ќе избегаат.
Во ред, сега знаете што сакате и сте подготвени на компромис, но каде слободна жена со триесет и нешто години ќе ја пронајде љубовта на својот живот? Дали тоа ќе биде на работа, преку пријател, во бар, на забава или преку интернет? Препорачуваме да ги испробате сите методи.
Некои жени ги заплашува помислата дека ќе остарат. Животот не почнува во триесетите години но може да биде исто толку страствен и исполнет. Само верувајте во себе, уживајте во секој ден и во секоја минута од животот и не се грижите за тоа што мислат другите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.