Над 3.000 луѓе се на терен и превземаат мерки за надминување на последиците од елементарната непогода која го зафати скопскиот регион. Со над 300 видови различна механизација главните сообраќајници се расчистени.Во поплавените подрачја на санирање на штетите ќе се работи подолг период. Педесет проценти од домовите се исчистени.
-Процесот на санирање на штетите и вадење на водата од куќите е речиси надминат, а останати се уште неколку улици на кои армијата заедно со работниците од сите инситуции работат на повлекување на водата со пумпи, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во интервју за ТВ Нова.
„Во Стајковци со оглед на фактот дека беше најнаселеното населено место од поплавите, од ден на ден ситуацијата значително се подобрува. Над 80 проценти од куќите беа зафатени од полавите“, вели министерот.
Тој додава дека сите мораат да го разберат обемот на катастрофата што се случи во скопско, а за која што метеролозите велат дека е феномен што се се случува еднаш во 1.000 години.Во поплавените подрачја на санирање на штетите ќе се работи подолг период. Педесет проценти од домовите се исчистени.
-Процесот на санирање