Над 40 тони наркотици конфискувани пред мундијалот во Бразил!

Над 40 тони наркотици се конфискувани во голема воена операција за засилување на безбедноста на границите на Бразил пред Светското фудбалско првенство, соопшти бразилската Влада…Во владино соопштение, како што јави ИТАР-ТАСС, се наведува дека најголем дел од конфискуваната дрога е марихуана и кокаин.
Според Министерството за одбрана, ефикасноста на операцијата во текот на оваа година била повеќе од двојно повисока во однос на истиот период лани, кога Владата спроведе слична операција пред Светскиот куп на ФИФА.
Светското фудбалско првенство ќе се оддржи во Бразил од 12 јуни до 13 јули.
Околу 30.00 војници, поддржани од хеликоптери, оклопни возила и брзи патролни бродови, на 11 мај беа испратени да го засилат обезбедувањето на границите. Бразил граничи со 10 латиноамерикански држави, а има вкупна граница од 17.000 километри. Војската под засилена контрола ги ставила прво населените места во реоните долж границите со Боливија, Парагвај, Перу и Колумбија. Локалните воени експерти сметаат дека од овие земји доаѓа главниот доток на наркотици и оружје.Во владино соопштение, како што јави ИТАР-ТАСС, се наведува дека најголем дел од конфискуваната дрога е марихуана и кокаин.

Пронајдете не на следниве мрежи: