Над 400 повредени и 50 убиени во Лас Вегас

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 406 лица се повредени во нападот извршен денеска на музички фестивал во Лас Вегас, соопшти американската полиција.Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во нападот се убиени и неколкумина полицајци кои не биле на должност.
Според полицијата, засега не е можно да се потврди дека било пукано од неколку места кон луѓето кои присуствувале на музичкиот настан.
Лицето осомничено за нападот во Лас Вегас е идентификуван како 64-годишен белец Стивен Педок од Невада.
Полицијата го застрела во хотелска соба, на 32. кат од хотелот Менделеј Беј, од каде усмрти најмалку 50 лица.
Полицијата ја пронајде неговата придружничка Марли Данли, која ќе биде сослушана.
– Напаѓачот во Лас Вегас имал значителна предност со оглед на тоа дека бил поставен високо над жртвите, изјави за Си-Ен-Ен специјалниот агент на ФБИ во пензија Џејмс Галијано.
– Со 30.000 луѓе, притиснати во мал простор…тој требал само да цели во центарот и да го притисне орозот, истакна експертот.
Гладејќи и слушајќи ја снимката, поранешниот ФБА агент верува дека напаѓачот користел воен митралез, а паузите меѓу пукањето сугерираат дека тој или го полнел повторно оружјето или се обидувал да се забарикадира во хотелската соба и да спречи да влезе полицијата.
Инцидентот на фестивалот на кантри музика „Рут 91 харвест“ во Лас Вегас, во кој загинаа најмалку 50 луѓе, а над 400 се повредени, е најсмртоносен напад во САД во последните 25 години.
Претходно, најсмртоносен напад беше тој што се случи на 12 јуни 2016 година во геј клуб во Орландо, при што загинаа 49 лица.
На 16 април 2007 година, 23-годишен корејски студент уби 27 студенти и пет професори на државниот Универзитет во Вирџинија, а потоа се самоуби.
И 20 годишниот напаѓач од основното училиште „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, се самоуби откако прво ја уби својата мајка, а потоа уби 20 ученици и шест возрасни лица на 14 декември 2012 година.
На 16  октомври 1991 година во тексашки ресторан во градот Килин напаѓачот уби 22 лица, а потоа се самоуби.
 
 Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во нападот се убиени и неколкумина полицајци кои не биле на должност.
Според полицијата,

Пронајдете не на следниве мрежи: