Минатата ноќ, околу половина час по полноќ, во близина на Сараево во повеќекратна експлозија низ атмосферата продрел метеор, јавуваат босанските медиуми. Босанско-херцеговската метеорска мрежа, предводена од астрономското друштво Орион и Федералниот хидрометеоролошки завод од Сараево, со камери во Сараево, Градачац и Пељешац регистрирале упад на метеорот со магнитуда над -9, што е еднакво на сјајот на Месечината во првиот квартал, пренесува Вијести.
Ова е најсветлиот метеор-болид што е забележан досега за време на пробната работа на метеорската мрежа.
Огнената топка влетала со брзина од околу 20 км на час и се угасила на височина од околу 30 километри, што, според досегашното искуство на астрономите, значи дека е можно ова тело да паднало на површината на Земјата.
Според процените на експертите од астрономското друштво Орион, местото на падот би можело да биде областа кај Зеница-Бугојно-Травник.Босанско-херцеговската метеорска мрежа, предводена од астрономското друштво Орион и Федералниот хидрометеоролошки завод од Сараево, со камери во Са