Според Државниот завод за статистика, бројот на слободни работни места во второто тримесечје годинава изнесува 6.687. Најмногу работници се бараат во секторот преработувачка индустрија, во трговијата и во угостителските дејности.Според регионите, пак, најмногу или 3.300 слободни работни места нудат фирмите во скопскиот регион, а потоа следи југоисточниот со 800, додека најмали шанси за вработување има во североисточниот и полошкиот регион каде отворени се 200 до 300 работни места.
Според групите на занимања најголем број на слободни места има во услужните дејности и продажбата или 2.300, потоа следат техничарите, ракувачи на машини и службениците. Се бараат 350 стручњаци и научници, а за воените занимања има 12 слободни работни места. Се бараат и 18 државни функционери, дипломати или директори.Според регионите, пак, најмногу или 3.300 слободни работни места нудат фирмите во скопскиот регион, а потоа следи југоисточниот со 800, додека најм