Над три милијарди денари за рурален развој за пет години

Од 2010 година од кога се спроведуваат инвестициските мерки за рурален развој до 2015 година се одобрени 387 проекти во вкупен износ од над три милијарди денари.Овие бројки, според заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, се одговор и демант на тврдењата на поранешниот заменик министер од СДСМ Љупчо Николовски дека не се прави ништо за развој на руралните општини и населени места.
Од нив, како што појасни тој,  на огласот за периодот од 2010 до 2012 година одобрени и финансирани се 74 проекти во износ од 181 милион денари, додека на огласот објавен во 2013 година се одобрени 134 проекти за средства од 1 милјарда и 400 милиони денари, а, како што рече, согласно тендерските постапки постигнат е износ од 902 милиони денари.
Костадиновски информира дека најголем дел од проектите се завршени, а сосема мал дел се во завршна фаза. Во 2015 година бил објавен нов оглас на кој аплицирале сите општини кои имале вакви проекти. Во 2015 одобрени се 178 проекти за износ од 2 милијарди денари. Поголем дел од проектите веќе почнале да се реализираат, а ќе завршат во 2017 и 2018 година.
– Станува збор за огромен потенцијал средства кои Владата преку програмата за рурален развој ги наменува за општините кои никогаш не се во состојба да соберат толку средства за да може да им испорачаат вакви услови на граѓаните, рече заменик-министерот.
Додаде дека мерките се за реализација на инфраструктурни проекти во насока на подобрување на животот на граѓаните од овие населени места. Во периодот до 2006 година, рече тој, кога на власт била партијата на Николовски во општините не се вложувало ниту денар, а тоа, потенцира, добро го знаат граѓаните.
Обвинувањата на опозицијата, рече доаѓаат од нивниот обид да се негира се што е направено во изминатите години. – Тие или се заслепени од својата револуција и тенденцијата да се руши што е изградено или не гледаат или пак не сакаат да видат, туку сакаат да им пренесат на граѓаните дека не постои, рече Костадовски.
Најдобро ќе се уверат, рече заменик министерот, ако излезат на терен и разговараат со граѓаните кои имаат корист од ваквите проекти.
Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ, пак, реагираше на делот на тврдењата дека програмите имаат повеќе пренесени обврски отколку средства за реализација, како и дека не се објавуваат јавни повици секоја година. Очигледно, рече таа, погрешно е сфатена реализацијата на програмите.
Природата на мерките е повеќегодишна, рече и додаде дека постапката од аплицирање до реализација на проектот и исплата на средствата, никогаш не е во текот на една тековна или календарска година.
– Од таа причина обврските кои Агенцијата ги има преземено према општините мора да ги префрли за наредната година за да им бидат исплатени средствата, рече Вуковиќ.
Тоа што секоја година не се објавуваат огласи, појасни Вуковиќ, е резултат на фактот што, на пример, договори за проекти кои се склучуваат во текот на една календарска година се реализираат и во текот на наредната, кога, како што рече, нема потреба за нови бидејќи средствата наменети за тие две години веќе се искористени.Овие бројки, според заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, се одговор и демант на тврдењата на поранеш

Пронајдете не на следниве мрежи: