Надал: Ѓоковиќ е моментално најдобар тенисер

Рафаел Надал изјави дека моментално има еден најдобар тенисер во светот, тоа е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.За шпанецот нема дилеми кој е фаворит пред дуелот во полуфиналето од Роџерс Купот во Монтреал.
„Сигурно е дека ме очекува голема борба со Новак, кој е посилен противник и најдобар тенисер во моментов, нема никакви дилеми тука околу тоа прашање“ вели Рафаел Надал.
Надал вели дека е секогаш возбудливо да се игра со Новак, надополнува дека нема дилеми кој е најдобриот тенисер во моментов.
„Секогаш е возбудливо да се игра со Новак на некој голем турнир. Мислам дека не чека одличен натпревар, а јас ќе дадам се од себе за да го победам“ вели Надал.За шпанецот нема дилеми кој е фаворит пред дуелот во полуфиналето од Роџерс Купот во Монтреал.

Пронајдете не на следниве мрежи: