Надал нема да игра во Мајами и Индијан Велс

Рафаел Надал ќе ги пропушти турнирите од Мастерс серијата во Мајами и Индијан Велс, со цел што подобро да се подготви за делот од сезоната кога се играат турнирите на земјана подлога, тврди „Marca“.Во овој дел од тениската сезона главна цел на Надал ќе биде одбрана на титулата на тенискиот Грен слем – Ролан Гарос.Надал, кој во кариерата има освоено 11 Грен слем титули, неодамна се врати на терените, по долгата пауза поради повреда на коленото.По враќањето Шпанецот ја освои титулата на Отвореното првенство на Бразил, а претходно загуби во финалето на турнирот во чилеанскиот Виља дел Мар.Поранешниот број 1, во вторник, ќе стартува на турнирот во Акапулко, Мексико, негов противник во првото коло ќе биде Диего Шварцман.По турнирот во Акапулко, Надал ќе се врати во Европа, каде во април месец ќе учествува на Мастерс турнирите во Монте Карло, Мадрид, Рим и Грен слемот во Париз, кој започнува на 26.мај, а каде тој ќе се обиде да ја освои својата осма титула.Инаку, Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами ќе се играат во периодот од 7. до 17.март, односно од 20.март до 31.март.
МакфаксРафаел Надал ќе ги пропушти турнирите од Мастерс серијата во Мајами и Индијан Велс, со цел што подобро да се подготви

Пронајдете не на следниве мрежи: