Славољуб и Надежда Костиќ држеле болен пензионер повеќе од девет години во својот подрум.Го чувале во 20 метри квадратни, без тоалет, без вода, без греење, а полицијата го пронашла болен и изнемоштен. Оваа хорор приказна доаѓа од Милано, Италија, каде српскиот пар го ограбиле пензионерот, му зеле 85.000 евра и потоа го оставиле заклучен во подрум.
Надежда е осудена на три години затвор, додека нејзиниот сопруг од поодамна е зад решетки. Тие работеле со недвижнини и во 2007 старецот кој има 84 години, дал оглас да продаде куќа.
Парот сфатил дека тој е сам, нема сопруга и нема блиски роднини, па бидејќи немало кој да се грижи за него, се понудиле да му помогнат, а всушност го измамиле и го оставиле затворен. Тој по девет години бил пронајден неухранет, неизбањат и целосно изнемоштен.
Сега парот ќе си ја плати казната, иако она што го претрпел кутриот старец е ненадоместливо.Го чувале во 20 метри квадратни, без тоалет, без вода, без греење, а полицијата го пронашла болен и изнемоштен. Оваа хорор приказна доаѓа од Милано