Надица Илиеска: Есенски нутри совети

Во пресрет на есента, настапува период на опаѓање на имунитетот, па затоа, во периодот кој следува, организмот има потреба од поголемо внимание. Климатските промени кои го одбележуваат преодот од лето во есен, бараат прилагодување на нашето тело кон променливото и свежо време. Покрај временските промени есента носи и поголеми работни и семејни обврски, а со тоа и помалку слободно време.Многу често, промената на годишното време носи сезонска меланхолија, умор и недостаток на енергија. Почнува период со многу предизвици за имунитетот на организмот, кој во почетокот на есента почнува да работи “прекувремено”. Исхраната која ги следи промените во природата служи како квалитетен темел за успешно прилагодување на телото и умот. Природата во есен ни помага со сезонски плодови кои даваат доволно енергија и топлина за сите предизвици кои ги носи ова годишно време.
Најдобрата исхрана треба да содржи шаренило од јаболки, дуњи, мушмули, круши, костени, пченка, намирници кои претставуваат богатсво од фитохемикалии кои имаат позитивно влијание на здравјето. Да не го заборавиме јаболкото, тоа е спас за оние кои сакаат да ја одржат телесната тежина. Свежите плодови содржат околу 83% вода и на 100 грама имаат само 52 калории. Јаболкото содржи и органски киселини, а од шеќерите – гликоза, фруктоза и малку сахароза.
Содржат и витамини А, Б и Ц. Поради пектинот, ја намалуваат апсорпцијата на холестерол во цревата и даваат чувство на ситост.

Јаболката имаат голема диететска вредност, се препорачуваат кај анемија, авитаминоза и кај проблеми со дигестија. Кога не сте во можност да изедете јаболко, бистриот сок од 100% јаболко на ВИВА е најдобар избор! Вива 100% природниот сок од јаболко е направен од најдоброто свежо овошје.
Не содржи адитиви и вештачки засладувачи и му обезбедува на телото витамини, антиоксиданси и минерали, неопходни за здравата исхрана и здравите навики. Процесот на производство на соковите Вива се извршува со најсовремена технологија која максимално обезбедува задржување на нутритивните вредности и витамини од овошјето.
Покрај здравата исхрана не го заборавајте и вежбањето и посветете најмалку 20 минути во денот за телесна активност.Многу често, промената на годишното време носи сезонска меланхолија, умор и недостаток на енергија. Почнува период со многу предизвици за имунитето

Пронајдете не на следниве мрежи: