Во Славонија и Барања се појави голем азиски стршен, а тамошното население стравува од наезда на овие инсекти кои можат да бидат смртоносни. Опасните инсекти се појавија во Допсин, Боцањевци, Дарда и Билје.Жител на Допсин едвај го преживеал нападот.
„Сопругот пред две недели околу 22 часот излезе во дворот кадешто го касна стршен под пазувот. Втрча во куќата жалејќи се дека не му е добро. Додека го зедов клучот од автомобилот, маж ми падна и почна да се гуши. Нагло му отече јазикот и беше парализиран. Се сетив дека имам капки против алергија кои веднаш му ги дадов, а некако успеав да му го извлечам јазикот да не се задуши. Лекарите му дадоа инјекција, но пред 14 години го оперираше срцето и има бајпас, па доби инфаркт. Беше на интензивна нега седум дена, но сега е добро“ – раскажала загрижена жена.
Таа додала дека стршените биле неверојатно големи, а лицето коешто дошло да ги отстрани рекло дека станува збор за азиски, односно индиски стршен.
„Досега стршените се вкрстуваа со домашните видови, но дојде до мутација па сега се поопасни. Големи се четири до пет центиметри, на грбот имаат жолта боја со црни пруги. Најчесто се наоѓаат на тавани и во шупливи дрва. Напаѓаат без видлива причина, посебно кога имаат потомство и кога се чувствуваат загрозено“ – изјави експерт што се занимава со отстранување на гнезда од стршени и оси.
Азискиот стршен лачи хормони и ги предупредува останатите единки дека е нападнат и така е можно да повика цел рој како помош. Стршените можат во повеќе наврети да нанесат убоди кај луѓето, да преживеат и да продолжат да напаѓаат понатаму.
Азискиот стршен непрестано се шири бидејќи во нашите краишта нема природни непријатели, на пример птици и слично, кои ги уништуваат во нивните првобитни живеалишта.Жител на Допсин едвај го преживеал нападот.
„Сопругот пред две недели околу 22 часот излезе во дворот кадешто го касна стршен под паз