Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 15.11.2016 година донесеЗа доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2016 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на:
– проф. д-р Марко Китевски, фолклорист.
2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– проф. м-р Гордана Јосифова–Неделковска, музички уметник;
– проф. м-р Жарко Башески, скулптор;
– Весна Стојчевска, поетеса;
– Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка.
3. Оваa одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РМ“.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2016 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на Одборот за државната награда
„Св. Климент Охридски”
академик Владо КамбовскиЗа доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2016 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања