Награда за Зорица Петкоска во АзербејџанЗорица Петкоска, автор на збирката „3боригами“ издадена во МАТИЦА, во ноември 2015 беше учесник на конференција на млади писатели од Европа во градот Ганџа, Азербејџан. Овој град е избран за европски град на младите за 2016та година, титула која претходно ја носеле Кључ-Напока, Солун, Ротердам итн. По тој повод, невладината организација „Одлар Јурду“, поддржана од Министерството за образование и наука на Азербејџан, избра млади писатели, новинари и блогери од Европа кои го посетија градот и имаа задача да пишуваат за него. На крајот на настанот, беше организирано јавно читање на делата и гласање, и беа избрани тројца победници. Третото место ѝ беше доделено на Милда Соколоваите од Литванија, првото место на Џада Пиери од Италија, а Зорица Петкоска го освои второто место со расказот „Соништа од Ганџа“.Зорица Петкоска, автор на збирката „3боригами“ издадена во МАТИЦА, во ноември 2015 беше учесник на конференција на млади писатели
Пронајдете не на следниве мрежи: