Најавена најкрупната образовна реформа

Најавена најкрупната образовна реформа…Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Спиро Ристовски
Во изминатите години Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја трасираше насоката кон остварување на јасно дефинираните цели – инвестирање во образованието, иновациите и информатичката технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нешто што и во следниот период ќе биде еден од нашите стратешки приоритети, содржани во новата развојна програма со која настапуваме пред граѓаните, а во која се содржани 2046 реални, остварливи и мерливи проекти, со прецизно наведени цели и рокови за реализација.
На 20-тина програмски страници се претставени 47 внимателно избрани образовни проекти, кои концепциски го надградуваат веќе сработеното во претходниот мандат и кои имаат капацитет да го одржат македонскиот образовен систем конкурентен и во чекор со современите светски образовни трендови.
Се работи за проекти со кои ќе продолжиме подеднакво да ги унапредуваме квалитетот на наставата и инфраструктурата во основното, средното, високото образование и науката, вклучително и спортот преку еден координиран пристап на неколку институции на системот. Во оваа прилика би потенцирал неколку од нив, како позначајни и суштински за образовниот сегмент на којшто се однесуваат.
Во претстојните 4 години, ќе следи една од најкрупните образовни реформи досега во делот на основното образование, а тоа е имплементација на Кембриџ наставните програми по математика и природни науки. Инвестиција вредна 750 милиони денари, со која основците добиваат можност да учат по истите наставни програми и од истите учебници како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености. Важно е да се напомене дека согласно концептот за бесплатно образование којшто оваа Влада го имплементира веќе 5 години, родителите ќе немаат грижа околу набавката на постојните, но и на новите учебници, затоа што тие и понатаму ќе бидат обврска на државата.
Политиките за развој на средното образование ќе бидат приоритетно насочени кон реформирање, односно осовременување на средното стручно образование, преку воведувањето на нови наставни планови и програми, како и опремување на средните стручни училишта со современи лаборатории, за што ќе бидат инвестирани 130 милиони денари. Учениците ќе стекнуваат квалитетни, современи и практично применливи знаења за задоволување на реалните стопански потреби.
Како специјализирано средно стручно училиште за спорт ќе продолжи да функционира и Спортската академија, којашто освен во Скопје, ќе добие  дисперзирани  паралелки во 7 други општини – Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица и Битола, со што се проширува селекцијата на најдобрите млади таленти во фудбал, кошарка, ракомет и тенис кои преку посебно обликуван образовен процес со посебен акцент и поголема застапеност на практичниот дел – тренингот, од рана возраст се подготвуваат да бидат членови на спортските клубови и националните спортски селекции.

 
Во следниот мандат, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе имплементира и еден многу значаен проект кој ќе овозможи посовремен и поактивен пристап во совладувањето на наставата во основните и средните училишта. Се работи за набавка на нови 300.000 таблет компјутери, како и продолжување на набавката на интерактивни табли, со што, следејќи ги технолошките достигнувања, современата информатичка технологија и натаму ќе биде дел од наставните процеси во земјата.
Во делот на високото образование, посебно значаен е проектот за   реформирање на Педагошките факултети, од каде што произлегува наставниот кадар во основните и средните училишта. Ќе следи зајакнување на критериумите за упис и селекција на најдобрите студенти, подобрување на студиската програма, воведување на Академија на наставници, како и имплементација на систем на кариера кај наставниците.
Студентите и натаму ќе го имаат третманот на идна движечка сила за развој на земјата, на која и натаму ќе и се обезбедува современа литература од која се учи на најдобрите и најреномираните светски универзитети, како и можностите за стипендирање на студиите на овие универзитети, а се разбира и на универзитетите во земјата.
Со основањето и започнувањето со работа на Фондот за иновации и технолошки развој, кој ќе има почетен буџет од 600 милиони денари, науката во Република Македонија во следните 4 години ќе добие друга димензија. Високо образовните установи и компаниите ќе имаат можност за развој, промоција и комерцијализација на иновации, преку пристапност до кофинансирани грантови за start-up, спин-оф компании и иновации, кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации и за трансфер на технологии, како и техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори.
Паралелно со сите овие активности ќе продолжи и унапредувањето на образовната инфраструктура, затоа што програмата на ВМРО – ДПМНЕ предвидува 200 градежни активности за изградби, реконструкции и делумни санации на основни и средни училишта, активности за унапредување на инфраструктурните услови на високо образовните установи, при што од посебно значење ќе биде изградбата на нови објекти за потребите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за физичка култура во Скопје. Реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје ќе започне веднаш по завршувањето на изборниот процес, ќе се одвива етапно и ќе заврши во 2016 година. Во текот на летниот период во употреба ќе бидат пуштени и новите сместувачки капацитети на студентскиот дом Стив Наумов во Скопје.
Предвидена е и изградба на 60 училишни спортски сали заклучно со 2018 година.
Ова се само дел од проектите со кои сме на сигурен пат кон градење на еден современ и конкурентен образовен систем, кон градењето на Македонија како земја на знаење. Ова е опцијата “проверено“, опцијата за напредок и развој! Апелирам до граѓаните, внимателно да ја прочитаат програмата, бидејќи на 27 април, тие се на потег!Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Спиро Ристовски
Во изминатите години Владата на Републик

Пронајдете не на следниве мрежи: