Составот на жирито во „Пинкови ѕвездички“ оваа година ќе се промени, а Гоца Тржан смета дека е време да ја замени некој интересен лик.Првата и втората сезона помина со петчлено жири од: Јелена Томашевиќ, Милан Станковиќ, Леонтина Вукомановиќ, Харис Варешановиќ и Гоца Тржан. Меѓутоа, промените дефинитивно доаѓаат.
Гоца неодамна откри дека според неа е време некој да ја замени, но тврди дека се уште не разговарала со продукцијата на таа тема.
„Сѐ уште не сум зборувала со продукцијата. Можеби е време да ме замени некој друг, интересен и нов“, изјавува пејачката за Пинк.рс.
Оттука, веќе е јасно дека познатата пејачка нема да ја гледаме во црвената фотељата, а кој ќе ја замени останува да почекаме.Првата и втората сезона помина со петчлено жири од: Јелена Томашевиќ, Милан Станковиќ, Леонтина Вукомановиќ, Харис Варешановиќ и Гоца Тржан.