Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ5 Антонио Милошоски, денес на граѓаните во Ташмаруниште, Струшко, ја претстави програмата на партијата со фокус во делот на економијата.- Најголем интерес во нашата програма има за економскиот дел, посебно за тие најавени 30 странски инвестиции кои што би отвориле директни 10.000 нови работни места и нормално, индиректни дополнителни вработувања на луѓе коишто ќе бидат добавувачи и ќе даваат одредени услуги на тие фирми. Голем интерес во струшко-охридскиот дел има и за туризмот за што предвидуваме поголеми поволности, поголема промоција и она што беше најавено да разговараме со компанијата „Визер“ за директни летови од Лондон до охридскиот аеродром, што во голем дел ќе значи зголемување на туристичката понуда во текот на целата сезона и повеќе од тоа и за Струга и за Охрид и за сите места во околината на нашето крајбрежје, посочи Милошоски.
Овие проекти, како што посочи тој, ќе значат развој на туризмот во струшко-охридскиот регион.- Најголем интерес во нашата програма има за економскиот дел, посебно за тие најавени 30 странски инвестиции кои што би отвориле директни 10.000 но