Заедно со трите фотографии кои ги гледате, Ferrari пушти и малку информации за најбрзиот отворен модел.Целта на компанијата е да пуштаат по малку информации во јавноста, за да биде насочен фокусот кон моделот до крајот на септември, кога на Саемот за автомобили во Париз ќе се одржи официјалната премиера на моделот.
И покрај сето ова, намерно или не, некој од Ferrari „заборавил“ да ги смени имињата на датотеките кои се прикачени на официјалниот сајт. Така стана јасно името на новиот хибриден хипер-модел: Ferrari LaFerrari Aperta.
На сликите не се гледа кровот на моделот, кој ќе биде следниот дел од сложувалката.
И најважната работа, во соопштението се вели дека „новата, лимитирана специјална верзија ќе се нуди со карбонски тврд покрив и подвижен мек покрив.“
Останува да видиме кои детали во иднина ќе бидат објавени.
Целта на компанијата е да пуштаат по малку информации во јавноста, за да биде насочен фокусот кон моделот до крајот на септември, кога на Саемот за