Љубителите на мачки би се сложиле дека персиските мачки се едни од најпосакуваните миленичиња поради нивната мирна природа, мрзеливоста и големата адаптибилност во станбен простор. Но, овие мачки се подложни и на некои видови на инфекции и болести. Во продолжение можете да дознаете некои од нив.
Овие типови на мачки имаат скратени носни празнини и поради тоа се подложни на заболувања на дишните органи. Најчесто се појавува запаление на солзните канали и синусите кои предизвикуваат отежнато дишење.
Обоениот секрет кој се појавува околу очните капаци е прв знак на воспаление и мачката треба веднаш да ја однесете на ветеринар.
Една од најчестите болести кај персиските мачки се полицистични бубрези и се јавува дури кај 50% од нив. Тоа претставува тешко заболување кое се карактеризира со присуство на циста во едниот или другиот бубрег, кои настануваат уште во ембрионалното доба и се најчеста причина за смрт на мачките. Оваа болест го уништува бубрежното ткиво и со текот на времето целосно ја блокира функцијата на овие органи.
Кастрираните мажјаци се подложни на таканаречениот уринарен синдром кај мачките, кој опфаќа повеќе болести како што се бубрежен камен, застој на урината иинфекции на мочниот меур.Љубителите на мачки би се сложиле дека персиските мачки се едни од најпосакуваните миленичиња поради нивната мирна при