Најчести причини за развод

Воопшто не е лесно да се донесе одлуката за поништување на бракот поради големите негативни ефекти кои ги има не само на сопружниците, туку и на нивните деца и потесни семејства. Ова се едни од најчестите причини поради кои двојките се решаваат да се разведат.Британската адвокатска агенција Slater&Gordon спровела истражување на 1000 испитаници и дошле до сознание дека сопружниците во просек размислуваат 24 месеци и 12 дена кога станува збор за развод. Паровите најчесто се премислуваат за разводот поради децата, но има и такви кои решаваат бракот да го истераат до крај, бидејќи според нив, само смртта може да ги раздели.
76% од двојките си даваат рок од околу една година и 6 месеци со цел да ги поправат работите. The Huffington Post пишува дека разводот значително влијае на децата. Една третина од мајките тврдат дека по разводот децата повеќе не се многу блиски со таткото.

 
Во половина од случаите разводот поминал во мошне пријателска атмосфера, додека пак 5% од лицата кои се развеле се уште ги носат венчалните прстени. Скоро 45% од паровите се во добри пријателски односи, додека пак една третина од разведените сопружници немаат никаков контакт по разводот.
Поголемиот дел од луѓето како најчести причини за развод наведуваат премногу караници, несогласувања и неверства.

 
Топ 10 причини за развод:
1.Неверство
2.Бракот ги прави несреќни
3.Постојани расправии
4.Повеќе нема заљубеност
5.Лоша комуникација со партнерот или недостаток на истата
6.Разлики во желбите и целите на партнерите
7.Партнерот целосно се променил
8.Злоставување
9.Повеќе нема заеднички чувства
10.Финансиски проблемиБританската адвокатска агенција Slater&Gordon спровела истражување на 1000 испитаници и дошле до сознание дека сопружниците во просек размислув

Пронајдете не на следниве мрежи: