НАЈЧЕСТИТЕ ЖЕНСКИ ФАНТАЗИИ: Дали сте спремни да ги остварите?

Сексуалните фантазии се нормални, здрави и составен дел од сексуалниот живот. Иако се сметаат за своевидно табу, психотерапевтот Брет Кар вели дека фантазиите се начин да исполниме некои желби или да се ослободиме од некои трауми.Иако повеќето ги чуваат затворени во мислите, истражувања велат дека жените најчесто ги имаат овие десет сексуални фантазии:
Секс со непознат
Повеќето жени фантазираат или фантазирале како ќе се сретнат со целосно непознат маж, ќе пламне страст, тој ќе ја одведе во некој хотел и таму страстно ќе водат љубов. Објаснувањето на оваа фантазија можеби лежи во тоа дека жените сакаат целосно да се опуштат и тоа со човек кој никогаш повеќе нема да го сретнат.
Групен секс
Жените фантазираат како се вклучени во групен секс и да ги допираат мажи и жени истовремено.
Секс во кој доминираат над мажот
Една од најчестите женски фантазии е и сексот во кој тие го имаат главниот збор. Му наредуваат на мажот што да прави, како да се однесува, да моли за тоа што сака, да им ги лиже стапалата и кондурите.
Секс во јавност
Жените фантазираат како имаат секс во присуство на одредена публика. Оваа фантазија ги возбудува поради сознанието дека некој друг сексуално се возбудил поради гледањето на нивниот интимен чин.
Борба за доминација
Фантазија во која таа не сака да се потчини, но тој и наредува, ја зграпчува и таа на крајот му се предава.

 

Секс со жена
Жените често фантазираат дека се во интимен однос со друга жена, како таа ги допира, ги милува и ги бакнува.
Егзотична професија
Понекогаш фантазираат како прават стриптиз или им плаќаат за секс. Имаат клиенти на кои им нудат услуги и за тоа добиваат пари.
Секс со двајца мажи
Многу жени фантазираат за секс со двајца мажи истовремено.
Дека носат гаќи со пенис
Верувале или не, истражувањата покажале дека жените понекогаш фантазираат да имаат пенис кој го користат со маж или друга жена.
Дека некој ги искористува
Фантазираат како се наивни, невини, незаштитени и ги искористува некој кој има моќ, углед и се наоѓа на некоја позиција.
Што значат фантазиите?
Фантазиите не значат дека личноста која има одредени фантазии сака истите работи да ги прави и во реалниот живот. Исто така, личноста која фантазира за секс со личност од ист пол не мора да има хомосексуални преференци и ваквите фантазии не се знак за сексуалната ориентација, велат доктор Шварц и доктор Мастерс. Освен ова, додека фантазиите во некои граници не станат опсесија и не ја ограничуваат слободата во нормалното секојдневно функционирање, тогаш сè е во ред. Но, некои фантазии може да бидат и знак дека нешто недостасува во врската.Иако повеќето ги чуваат затворени во мислите, истражувања велат дека жените најчесто ги имаат овие десет сексуални фантазии:
Секс с

Пронајдете не на следниве мрежи: