Во Јапонија не е дозволено да се биде дебел, во Самоа може човек да заврши во затвор ако го заборави роденденот на својата жена… Да ова се чудни закони кои постојат во светот…Прочитајте ги најчудните закони:
– Во Њу Џерзи е забрането да се носи панцир. Законот смета дека доколку некој носи панцир е криминалец.
– Во Јапонија нелегално е да се биде дебел. Во 2009 година, се поставила граница за максималната тежина на граѓаните.
– Во милано забрането е да бидете намрштени. Законот бара од граѓаните да бидат насмеани постојано, освен нормално на покреб, или во болница. Доколку ве фатат ненасмеани, обврзани сте да платите парична казна.
– Во Франција легално е да се венчате со мртва личност. Законот не дозволува пристап на живиот сопружник до парите или имотот на мртвиот.
– Во Германија, нелегално е вашиот автомобил да снема гориво или да запре на сред улица. Сите патнички возила мораат да бидат во добра состојба.
– Во Дубаи забрането е бакнување. Обединетите арапски емирати, можеби се несоодветни за западњаците. Според законот во Дубаи, нелегално е да се покажуваат нежности во јавност. Доколку се бакнете во јавност може да завршите во затвор на еден месец.
– Во Саудиска Арабија на жените им е забрането да возат автомобили. И тоа е единствената земја во светот која го забранува тоа.
– Во Њу Јорк не смеете да ја користите сирената на автомобилот. Ова и не е толку чудно, за Градот кој не спие, кој е познат по најголемите метежи во светот. Но, секако никој не го почитува ова правило.
– Во Бурма е забранет интернет пристап. Доколку фатат особа која поседува модем, може да заврши во затвор.
– Овој закон особено ќе им се допадне на жените! Во Самоа, нелегално е да се заборави роденденот на сопругата. Доколку на некој несреќник му се случи тоа, може да заврши во затвор! Прочитајте ги најчудните закони:
– Во Њу Џерзи е забрането да се носи панцир. Законот смета дека доколку некој носи панцир