Најчуениот хакер на светот откри: Немате поим која е Хилари Клинтон. Таа е првосвештеничка на владетелите на светот!

Хилари Клинтон е „првосвештеничка на Илуминатите“ според зборовите на Гучифер, романски хакер кој служи затворска казна за откривање на приватниот сервер на поранешната државна секретарка.Гучифер, кој извршил упад во личните мејлови на политичари на високо ниво, познати личности и најмалку 100 Американци, вклучувајќи го Колин Пауел, Дороти Буш и долгогодишниот советник на Хилари Клинтон Сидни Бументал, рачно напишал писмо за „Фокс Њуз“ од својата затворска ќелија во Вирџинија.
Искусниот хакер чие вистинско име е Марсел Лазар Лехар, ги опишал Илуминатите како „злобна, длабоко корумпирана“ меѓународна група која има намера да ги контролира светските работи. Тоа била главната цел за откривање на неговиот „Гучифер проект“.
„Хилари Родам Дајана Клинтон е една од првосвештеничките, божица на оваа окултна група. За да го разберете ова што ви го зборувам, морате да го видите нејзиниот мотив.“
Како што наведуваат и обвиненијата за неправилностите што кружат околу Хилари Клинтон и нејзините мејлови додека работела како државен секретар, Гучифер му се извини на светот поради своите недоискажани податоци преку писмото за „Фокс њуз“.

„Иако знам дека вложив многу време и труд обидувајќи се да ги откријам злосторствата на Рокфелер, клановите Буш и Клинтон, како и многу други, можеби моите способности не се дораснати на тоа“ – напишал тој.
„Затоа се извинувам во името на непознатите војници коишто се борат да ја завршат оваа борба против таа организација. Многумина од нив ги ризикуваат своите животи додека го прават тоа зад мониторите, одвнатре или надвор од системот.“
Повикувајќи се на неговото враќање во родната Романија на издржување на неговата 7-годишна казна затвор, Гучифер изјавил: „нема да ја напуштам оваа прекрасна земја, а да не речам дека `Гучифер проектот` беше неуспешен.“
Лазар ги читал биографиите на јавните личности и тврдел дека хакираните лица имале лозинки коишто биле лесни за упад.
Важно е да се напомене дека во еден дел од неодамна објавените извештаи на ФБИ за мејловите на Хилари Клинтон, на страна 32 било забележано дека Лазар користел скриншотови во ширењето информации.
„На еден од скриншотовите е листа со 19 странски политички и разузнавачки меморандуми напишани од страна на Блументал за Клинтонова“ – се наведува во извештајот.Гучифер, кој извршил упад во личните мејлови на политичари на високо ниво, познати личности и најмалку 100 Американци, вклучувајќи го Колин Пауел,

Пронајдете не на следниве мрежи: