Најдебелиот човек во светот ослабел 300 килограми!

Пол Мејсон, човекот кој порано бил познат како најдебел во светот, симнал две третини од својата тежина.
Кога бил најдебел, тежел неверојатни 450 килограми! Мејсон бил толку тежок што не можел да се движи. Кога требало да му се изврши хируршка интервенција во 2002 година, пожарникарите морале да срушат ѕид од неговиот дом за да му овозможат пристап на амбулантното возило. Тогаш тој тежел 355 килограми.
52 годишниот поранешен поштенски службеник сега тежи „само“ 152 килограми и се надева дека ќе добие шанса да води нормален живот.
 
Сега тој повеќе не е заробен во својот дом – и своето огромно тело. Сака да почне бизнис со накит, да научи да вози, да отиде на одмор и секако, да си најде девојка. Сите овие работи за него порано биле невозможни.
 
Мејсон се соочил со многу предизвици, имал 7 негуватели кои готвеле за него, го чистеле домот и го преместувале за да не се вкочани. Тој проценува дека внесувал 20 000 калории дневно, 8 пати повеќе од просечниот човек.
 
Извршил операција со која му била отстранета голем дел од масата, а сега тој сака да изврши уште една операција за отстранување на вишокот растегната кожа која му виси. Пол изјавил дека се чувствувал како заробен во своето тело.
 
Започнал со енормно јадење кога неговата свршеница му раскинала. Скршеното срце го натерало својата болка да ја потисне со јадење.
 
Кога починала мајка му, Пол сакал да се самоубие. Но наместо тоа, побарал помош од психијатар. Преку терапијата, го сменил својот став и решил да ослабе. Оттогаш, тој е на строг диетален режим и поминува многу време вежбајќи.
Извор. lady.mkПол Мејсон, човекот кој порано бил познат како најдебел во светот, симнал две третини од својата тежина.
Кога бил најдебел, тежел неверојат

Пронајдете не на следниве мрежи: