Најдени три деца во Франција со пресечени грла

Loading...

Три деца, на возраст од 9, 11 и 17 години, најдени се во Франција, како лежат со пресечени грла во нивната куќа, а полицијата трага по нивната мајка.Нивниот татко, лекар по професија, дигнал узбуна кога утрово се вратил од работа и ги нашол своите три заклани деца, вели извор од полицијата.„На децата им се пресечени гркланите, но се уште ги чекаме форензичките извештаи“, велат надлежните.Телата на деветгодишното девојче и нејзиниот две години постар брат се избодени повеќе пати. Кога стигнала брзата помош, 17-годишното момче се уште давало знаци на живот, но починало од повредите здобиени од нож.Убиствата се случиле во приградската населба Дампмарт, 30 километри источно од Париз.Таткото е најден во состојба на шок, а лекарите му пружиле помош.„Активно трагаме по мајката“, вели извор од обвинителството.Детективите изјавиле дека двојката имала брачни проблеми, но не се знае кој е убиецот, ниту мотивот.
МакфаксТри деца, на возраст од 9, 11 и 17 години, најдени се во Франција, како лежат со пресечени грла во нивната куќа, а пол

loading...
Loading...