Најдобар пријател: Кучето го спасило сопственикот откако паднал во ледена вода

Кучето е најдобар пријател на човекот, а понекогаш и спасител. Доказ за тоа се 77-годишниот Анатолиј Черненко од Русија и неговото куче.Имено, овој пензионер шетал со својот пес, кога одеднаш паднал во ледена дупка. Тогаш кучето почнало растревожено да лае и да бара помош.
Со оглед на тоа што носел тешки чизми, не можел сам да се извлече.
За среќа, 57-годишниот Владимир Караблин, го слушнал лаењето на кучето и веднаш дотрчал до местото на несреќата.
„Возев моторна санка, кога слушнав лаење и куче кое трча воспаничено“, рекол Владимир, кој веднаш го препознал кучето на Черненко, кој го познавал.
„Тргнав по кучето и ме однесе право до дупката, каде го видов мојот пријател. Веднаш му помогнав да излезе“.
Тој бил во ледената вода скоро 40 минути и веднаш бил префрлен во болница, каде успешно закрепнал.Имено, овој пензионер шетал со својот пес, кога одеднаш паднал во ледена дупка. Тогаш кучето почнало растревожено да лае и да бара помош.
С

Пронајдете не на следниве мрежи: