Најдобра нега за раце

Кожата на рацете е почувствителна од другите делови на телото. Студенилото, ветерот и УВ зраците се најголеми непријатели на кожата ва вашите раце. Исто така штетна е и честата изложеност на хемиски средства за чистење.Во текот да денот, често ги миеме рацете и забораваме да ги намачкаме со крема. Рацете треба да се негуваат со креми кои содржат витамини, глицерин и пантенол. Добра навика е да чуваме крема за раце до чешмата, за да се потсетиме да ги намачкаме после секое нивно миење. Исто така користете благи сапуни, млака вода, и правете пилинг и маска за вашите раце да бидат меки и мазни.
А еве како да си направите домашен пилинг и маска за раце:

Пилинг за раце
Измешајте една лажица бадемово масло, пченкарен гриз и лажица минерална вода. Додадете сок од половина лимон. Мешавината втријте ја на рацете. Оставете да делува 15 минути и измијте ги рацете.
Маска за раце
По пилингот, рацете негувајте ги со маска. Оваа маска е идеална за ладно време. Земете две лажици растопен мед и лажица топло млеко. Нанесете ја маската и оставете ја да делува 30 минути. Отстранете ја со вода со кружни движења.Во текот да денот, често ги миеме рацете и забораваме да ги намачкаме со крема. Рацете треба да се негуваат со креми кои содржат витамини, глицерин

Пронајдете не на следниве мрежи: