Најуспешните жени на светот го фалат овој метод како најдобриот досега – време е да го испробате што поскоро!Колку пати досега сте имале листа за извршување на задачи, но истата била безуспешна бидејќи на крајот не сте го добиле посакуваниот резултат? Веројатно не можете ни сами да изброите, но изгледа дека пронајдовме метод кој конечно ќе ви помогне.
Што значи правилото 1-3-5?
Правилото 1-3-5, како што велат многу успешни луѓе, е најдобриот начин за креирање на листа на обврски која ќе ви го олесни животот. Не плашете се од броевите – оваа стратегија само ќе ви помогне во прераспределба на обврските и подобрување на нивната реализација. Листата треба да содржи девет ставки од кои првата се обележува како главна, следните три како помалку важни, а останатите пет како најмалку приоритетни.
Започнете со една важна обврска
Одлучете се прво за обврската која бара најмногу внимание и енергија од вас. За нејзината реализација одвојте го потребното време и на неа гледајте како на мини проект. Со цел успешно да го завршите денот, секогаш прво соочувајте се со големите работи.
Организирајте ги следните три обврски
Напишете три задачи со среден приоритет на кои треба да работите. Тоа се следните задачи на кои треба да се фокусирате по завршување на онаа најважната. Доколку сметате дека некоја од обврските не можете да ја завршите дента, соочете се со неа следниот ден рано наутро, со цел побрзо да прејдете на полесните и поедноставните задачи.
Остатокот на листата пополнете го со пет помали задачи
За крај, издвојте пет задачи кои не одземаат многу време, а имате обврска да ги завршите тој ден. Со примена на оваа едноставна стратегија, шансите да ги завршите сите обврски се големи, со што нема да заостанувате и да имате недовршени работи.
Колку пати досега сте имале листа за извршување на задачи, но истата била безуспешна бидејќи на крајот не сте го добиле посакуваниот резултат? Веро



