Лековити се и плодот и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно делува на работата на цревата и ги спречува инфективните болести.Дуњата, овошјето на есента, е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количествно на калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.
Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.
Семките од дуња содржат дури 15 проценти масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протидом. Поради сето ова дуњата е исклучително лековито овошје.
Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести.
– Сокот од дуњи сварен со исто количество на шеќери ја лечи кашлицата, астмата и акутната дијареа.
– Печена или варена дуња се препорачува кај воспаленија на желудечната и цревната слузокожа, но и за лекување на анемија.
– Чајот од цветовите на дуњата помага за смирување на кашлицата, а чајот од семки делува смирувачки, ја отстранува несоницата, како и непријатниот здив.
Дуњите се одлична комбинација со печено месо, пилешко, месо од патка, јунешко и месо од дивеч, иако тоа звучи необично за нас. Французите со векови наназад изработуваат сирење од дуњи кое се подготвува така што два килограми дуњи се варат заедно со кората додека потполно да омекнат. Кога ќе се изладат, се сечат на парчиња и се пасираат малку. Добиената маса се мери, за да се додаде соодветно количество на шеќер (на килограм и пол пире од дуњи се додава килограм шеќер). Потоа смесата повторно се вари на тивок оган околу 45 минути, со постојано мешање. Веднаш по варењето, сирењето од дуњи се става во соодветно тавче, на пример плиток стаклен сад или во помали садови.
Кога ќе се излади, се сече на коцки, се наросува со шеќер во прав и се става на темно и суво место да стои.
Ова сирење е моќен извор на енергија, а може да се консумира и како лек за подобрување на варењето. Не е препорачлив единствено за дијабетичарите и лицата со прекумерна тежина.Дуњата, овошјето на есента, е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количествно на калории и масти, богата е со проте