Поранешниот напаѓач на Работнички и актуелен член на тајландскиот Чаинат, Борче Маневски ќе ја понесе титулата најдобар фудбалер на Македонија за 2014 година.Управниот одбор на ФФМ денеска на своја редовна седница ги усвои листите на најдобрите за 2014 година, по гласањето на навивачите преку анкетата на официјалната интернет страница на ФФМ и мислењата на стручните комисии во рамките на федерацијата, при што Маневски ќе ја добие единствената награда за наш најдобар фудбалер. Борче Маневски беше најзаслужниот за освоената двојна круна на Работнички во сезоната 2013/2014, потоа продолжувајќи со интернационалната кариера.
Освоената двојна круна во домашните натпреварувања ќе му донесе признание и на Игор Ангеловски за најдобар тренер, како тренер во стручниот штаб на Работнички, а ФК Работнички ќе ја добие и наградата за најдобра екипа.
Признанието за најдобар млад фудбалер во 2014 година ќе оди во рацете на членот на ФК Вардар, Јасир Асани кој одигра одлична година во црвено-црниот дрес, а најдобра фудбалерка, пак, и во 2014 година е Наташа Андонова од Турбине Потсдам.
Посебно признание од ФФМ за долгогодишно вложување во спортот и допринос за развој на фудбалот треба да добие и главниот финансиер на Металург, Минчо Јорданов.
Прогласувањето на најдобрите ќе биде на свеченоста која Фудбалската федерација на Македонија ќе ја организира на 23. декември.
Извор: екипа.мкУправниот одбор на ФФМ денеска на своја редовна седница ги усвои листите на најдобрите за 2014 година, по гласањето на навивачите преку анкетата на