Непријатната кашлица е веројатно честа појава во овој дел од годината но постои лек кој се крие во вашиот дом. Дознајте како со вкусен природен сируп да ја излечите кашлицата и како да ја повратите енергијата.Овој сируп е толку вкусен што можете да го пиете со уживање. Ловорот му дава посебен вкус и благ и горчлив тон истовремено, лимонот му ја додава својата киселост а шеќерот е оној кој ги „вози“ овие состојки и со водата ги пренесува низ телото. Пробајте.
Потребно ви е:
6 листови ловор
250мл вода
6 лажици шеќер (најдобро е да користите кафеав шеќер)
1 лимон
Подготовка:
Загрејте ја водата. Додадете го ловорот и гответе во поклопен сад 6-10 минути. Извадете ги листовите ловор, сипете ја течноста во сад во кој ќе го подготвувате сирупот, па додадете го шеќерот и исцедете го лимонот. Добро промешајте и почекајте да се стопи шеќерот. Земајте по една лажичка неколку пати дневно. Првиот ден можете да земете по една лажичка секогаш кога ќе се јави интензивен напад на кашлица.
Напомена: Сирупот можете да го чувате во ладилник неколку дена. Може да се зема топол и ладен.Овој сируп е толку вкусен што можете да го пиете со уживање. Ловорот му дава посебен вкус и благ и горчлив тон истовремено, лимонот му ја дод



