Турција издаде потерница за фудбалската легенда Хакан Шукур поради неговото евентуално учество во обидот за преврат на 15 јули, пренесе агенцијата Анадолија.Голгетерот и освојувач на бронзен медал од Светскиот шампионат во Јапонија и Јужна Кореја е осомничен од обвинителството дека е „член на вооружена терористичка група“.
Со таква формулација Анкара определува организацијата во САД која е предводена од опозицискиот исламски проповедник Фетхулах Гулен, за кого се претпоставува дека го организирал обидот за преврат од 15 јули.
Хакан Шукур и неговото семејство ја напуштија Турција минатата година. Пред помалку од 2 месеци најголемата фудбалска ѕвезда беше обвинета за навреда против претседателот на земјата Реџеп Ердоган.
Судењето започна на 17 јуни, а обвинителството побара 4 години затвор за Шукур. По завршувањето на фудбалската кариера тој влезе во политиката.
Во 2011 година беше избран за пратеник од владејачката Партија на правдата и развојот. Во 2013 година, сепак се откажа од своето место поради истрагата за корупција против Ердоган.
44-годишниот Шукур моментално живее во Калифорнија.Голгетерот и освојувач на бронзен медал од Светскиот шампионат во Јапонија и Јужна Кореја е осомничен од обвинителството дека е „член на воор