Поленот претставува исклучително ретко природно богатство на хранливи материи кои треба да се консумираат…Пчелиниот полен влегува во група на најкомплетна природна храна. Тој ги содржи речиси сите хранливи материи потребни за човечка исхрана, а околу половина од неговите протеини (полен се состои од 40 % протеини) се наоѓа во форма на слободни аминокиселини кои лесно можат да се искористат во човечкото тело.
Пчелиниот полен ќе им помогне на оние кои не внесуваат доволно хранливи материи, бидејќи е најбогатиот познат извор на витамини, минерали, аминокиселини, ензими, хормони и масти, како и значителни количини на природни антибиотици.
Што сѐ нуди:
Богат извор на каротеноиди (кој се претвора во витамин А)
Витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 , Б7 , Б9 и Б12
Витамин Ц
Витамин Е
Калциум, бакар , железо, магнезиум , манган, фосфор, калиум , силициум, сулфур и 59 други
Минерали 22 аминокиселини – содржи 5-7 пати повеќе аминокиселини отколку истата количина на говедското месо, млекото, јајцата или сирењето
Ензими – како што се амилаза, каталаза, козимаза, цитохром, дехидрогеназа, дијафораза, пектаза и фосфатаза.
На пчелите поленот им е главен извор на протеини, витамини и минерали. Но, жолтиот полен кој се наоѓа во прашникот на растенијата и кој оплодува растенија, пчелите дополнително го збогатуваат.
Додека пчелите собираат полен од цветови на растенијата, им додаваат нектар и материи од нивните жлезди формирајќи мали гранули.
Лековитото делување на пчелиниот полен
Вкупните ефекти од пчелиниот полен се сеопфатни на целиот организам. И после многу години тестирање, пчелиниот полен нема никакви штетни несакани ефекти, лесно е сварлив и погоден за сите возрасти.
Многубројните лековити својства на пчелиниот полен :
Го поттикнува растот на здравите нови клетки
Поттикнува исцелување на ткивата
Подобрува излачување на отрови
Го намалува нивото на холестерол
Го регулира крвниот притисок
Ја зголемува отпорноста на инфекции
Го стабилизира нервниот систем
Ја подобрува плодноста на жената
Го забавува растот на туморот
Елиминира прекумерни депозити на калциум
Помага во ослободувањето на прекумерни количини на гванин
Го стимулира растот на кожното ткиво и ги спречува брчките
Поттикнува смиреност и релаксација
Поттикнува зголемување на концентрација и меморија
Ја подобрува сексуалната активност
Ја зголемува силата и издржливоста
Се бори против рак, дијабетес, артритис и депресијата
Како да се внесува?
Пред сѐ внимавајте да го купувате сиров (не пастеризиран ) од локален пчелар. Не го затоплувајте, затоа што тоа ќе ги уништи деликатните ензими и витаминот Ц. Гранулите на поленот јадете го само со чаша вода и мед или ставете го во јогурт, утрински житраки или пијалак.
Извор: Кукурику.мкПчелиниот полен влегува во група на најкомплетна природна храна. Тој ги содржи речиси сите хранливи материи потребни за човечка исхрана, а околу по



