Најдобрите чаеви за вашата крвна група

Многумина за чајот велат дека е најздравиот напиток на светот. Нема ништо подобро од шолја топол чај во зимските студени денови, или пак чаша леден чај во топлите лета. 
За разлика од кафето кое одговара само на луѓе со крвна група А или Б, чајот одговара на сите крвни групи.
Крвна група А
Луѓето со оваа крвна група се често склони на стрес. Затоа им се препорачуваат активности кои ги смируваат телото и умот. На овие луѓе им се препорачува тајландски чај Ганпаудер, чај од цвет од јасмин, или пак комбинација од мајчина душичка и невен.
Крвна група Б
Луѓето со оваа крвна група имаат мошне бавен метаболизам, па се склони кон дебелеење, мрзеливост и немирен сон и автоимуни болести. Имаат отпорен систем, но не против сите бактерии. Ним им се препорачува млад зелен чај, или пак органски зелен или црвен рооибос без додатоци.

 
Крвна група АБ
Луѓето со оваа крвна група се интуитивни и не се склони на стрес. За нив се препорачува зелен чај, природен жолт чај или мешавина од зелен чај и ментол. За мажите се препорачува мешавина од коприва, ментол и рооибос.

Крвна група О
Луѓето со оваа крвна група треба да избегнуваат млеко и глутен, додека им се препорачуваат чаеви на база на ѓумбир. Идеални за овие луѓе се јпонскиот зелен чај сенча, или пак бразилското мате, кое е одлична замена за кафето.
  
За разлика од кафето кое одговара само на луѓе со крвна група А или Б, чајот одговара на сите крвни групи.

Пронајдете не на следниве мрежи: